05 Декември, 2025
0.2288

Хрисула Кутуди нов генерален извршен директор на Стопанска банка

Објавено во: Економија 01 Септември, 2025 07:06

Добивај вести на Viber

По добивање на сите потребни одобренија од Народната банка, г-а Хрисула Кутуди е назначена за генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, извести банката.

Во Стопанска банка таа доаѓа од позицијата помошник генерален директор за специјализирани решенија – банкарство на мало во НБГ Групацијата, каде што беше посветена на унапредување на производи, дигитални алатки и канали, како и на развој на стратешки партнерства и концепти за вградено банкарство (embedded banking). Има значајно искуство и во управување со тимови во областа на корпоративно банкарство, наплата, кредитна анализа и проектно финансирање.

Назначувањето на Кутуди доаѓа во период кога Стопанска банка АД – Скопје, поддржана од Групацијата, забрзано инвестира во дигитална трансформација, развој на иновативни решенија и континуиран раст на своите човечки ресурси. Со нејзиниот ангажман и со искуството на новите членови на Управниот одбор, Банката значително го зајакнува својот тим и капацитети.

Во подготовката за преземање на новата функција, Кутуди веќе се запозна со македонскиот банкарски пазар, со Стопанска банка и тимот вработени, вклучувајќи се активно во тековните процеси на трансформација.

Чест ми е да ја преземам оваа одговорна функција, свесна за значењето на Стопанска банка како институција со најдолга традиција на македонскиот банкарски пазар и како столб во НБГ Групацијата. Импресионирана сум од тимот на професионалци чии резултати и визија се одлична основа за понатамошен развој. Ќе продолжиме да вложуваме во знаење, иновации и во вредностите кои ја дефинираат Банката, со јасна цел: да одговориме на потребите на клиентите, бизнис секторот и заедницата - изјави Кутуди.

Со назначувањето на Кутуди, во сила стапува оставката на Диомидис Николетопулос, кој ја извршуваше функцијата генерален извршен директор од 2013 година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката