Добивај вести на Viber
Дури една петтина од Хрватите не можат да ги задоволат своите основни животни потреби. Стапката за ризик од сиромаштијата пораснала на 21,1% покажуваат податоците на хрватскиот Народен правобранител.
Според статистичките податоци објавени за Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата, и понатаму се влошуваат условите за живот. Причини за ова, се наведува во соопштението, се економската и финансиска криза која коси во земјата.
„Во вакви услови во јавна расправа се најде новиот Закон за социјална заштита, кој треба да даде решение за најзагрозените социјални групи и да ги регулира правата и социјалните услуги во системот на социјална заштита, со кои ќе се намалат последиците од кризата за најранливите групи на граѓани“, вели Видовиќ.
Само еден ден по Светскиот ден на храната, Генералното собрание на ОН одлучи 17 октомври да се одбележува како Меѓународен ден за борба против сиромаштијата.