Добивај вести на Viber
Тиква тешка дури 540 килограми била изложена денеска на четвртатата меѓународна изложба на тикви во Товарник, Хрватска.
Организаторите тврдат дека ова е најтешката тиква на Балканот. Вагата мерела само до 500 килограми, па тие морале да ја пренесуваат со посебен вилушкар за да ја измерат.
Инаку, најтешката тиква во светот е одгледана од Американецот Рон Волас и тежела 991 килограм.