Добивај вести на Viber
Хрватската одлука за одобрениот бесцарински увоз на 2.500 тони свеж свински бут, ги разгневи хрватските производители на свинско. Први се огласија одгледувачите на свињи, кои велат дека состојбата во сточарството е тешка, едвај ги решаваат проблемите во свињарството, кое не може да им конкурира на цените на суровините во Европската унија.
- Ние своите свињи немаме на кого да ги продадеме, а мафијата бесцарински увезува свински бутови, на кои после сушењето ќе осамне сертификат дека се од хрватско потекло, изјави за “Вечерњи лист”, Стјепан Кушец, предсетал на хрватскиот Сојуз на одгледувачи на свињи, според кој увезените 2.500 тони свежи свински бутови всушност се еквивалентни на 220.000 пршути.
Хрватското производство на пршута моментално не покрива ниту 10 отсто од домашните потреби, односно според статистичките податоци дури 587.000 пршути што ги конзумираат Хрватите се од увоз. Како што пишува “Вечерњи лист”, досега имало неколку обиди за поврзување на домашните одгледувачи на свињи и производителите на пршута но безуспешно. Засега како што објаснуваат производителите на пршута, подобро е да се увозува суровина од Австрија, Германија, Холандија и Унгарија, и од нејзе да произведува пршута, која има додадена вредноста, отколку да се увезува евтина пршута од Италија.
Хрватската Влада е убедена дека без увозни суровини домашните производители на пршута ќе пропаднат, бесцаринската квота за увоз на свински бут ќе овозможи конкурентност на пршутата од регистрираните погони во Хрватска како на домашниот така и на странските пазари, особено на европските, а на тој начин ќе се намали одливот на девизи што сега се троши за увоз на готова пршута. Според фармерите пак вакавта одлука ќе го докрајчи домашното произодство на свинско, а без егизстенција ќе останат многу земјоделци. Производителите пак на пршута велат дека да ги нема бесцаринските квоти, тие уште следниот месец ќе пропаднат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.