02 Декември, 2024
0.0242

Хрватска подготвува тужба против Србија

Објавено во: Агробизнис 16 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Хрватска ќе ја тужи Србија пред меѓународните судови поради спорот околу шеќерната репка. Имено, хрватските производители на шеќер, кои договорија сеидба на шеќерна репка на 10 хектари во Србија, имаат загуба од неколку десетици милиони евра поради одлуката на српската влада да го забрани извозот на шеќерна репка. Меѓутоа, во министерството за трговија порачуваат дека во договорите со посебна клаузула предвидена е можност за забрана на извоз на шеќерна репка, Шеќерот на многумина оваа година го загорчи животот. Производителот Горан Митровиќ од Стара Пазова, кој со купувачи од Хрватска договорил сеидба на шеќерна репка на 600 хектари, вели дека поради забраната за извоз има големи загуби. - Забраната за извоз воведена поради сушата, за околу 15 милиони евра оштети и фирми од Хрватска, кои договориле род од 10.000 хектари на ниви во Војводина - вели Митровиќ. - Нашата шеќерана виро, покрај шеќераните од Осиек и жупаниите, имаат големи загуби, главен проблем е што се договориле со војводинските селани. Ние испративме писмо до стопанската комора со молба да го решат ова прашање, но тие ја прекинаа соработката. Решение нема и ние ќе се жалиме до соодветните меѓународни институции - вели Толмир Толушиќ, жупан од винковско-подравската жупанија. Меѓутоа, во српското Министерство за надворешна и внатрешна трговија истакнуваат дека на консултациите меѓу Србија и Хрватска на 21 септември во Белград, Србија укажала на можноста, за стоката која била авансно платена да се дозволи извоз на шеќерна репка, под услови хрватските компании да достават доказ за тоа. Потоа, хрватската страна го обавестило српското министерство дека не се подготвени или не сакаат да ги обелоденат тие докази. Во договорите е предвидена можност во случај на суша договорот да не се испочитува. Државата правилно постапи, сметаат и во Стопанската комора на Србија, бидејќи со тоа го штити својот пазар од недостиг на една од основните животни намирници. Таква пракса не е невообичаена меѓу земјите членки на ЦЕФТА, вели Милан Простран. - Тоа го направи и Хрватска оваа година со пченицата, но воведе извозни такси, не го забрани извозот, а тоа е исто, Македонија исто така го прави тоа кога е во прашање пченицата и брашното, постојано се менуваат условите и постојано имаме предупредувања од нашите извозници. Тоа што е најважно, според оценка на Пространа, е дека нашите производители кои примија аванс, почнаа да го враќаат на хрватските партнери. Тој потсетува дека пред донесување на законот за забрана за извоз, српската влада ја обавестила и ЦЕФТА, но и Европската комисија, кои тоа го одобриле, бидејќи во забраната не нашле ништо спорно.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.