Хрватска преплавена од бездомници
Објавено во: Балкан 10 Октомври, 2013
Се повеќе се зголемува бројот на бездомници во Хрватска и тоа не само во Загреб, Сплит и останатите поголеми градови, туку и во помалите населени места, изјави за порталот Индекс заменикот претседател на Хрватската мрежа на бездомници Звонко Млинар по повод светскиот Ден на бездомниците.
Според општите оценки во Хрватска има меѓу осум и десет илјади бездомници, додека во оваа категорија на спаѓаат само тие што немаат покрив над глава.
- Во Загреб има 10 илјади лица што користат социјална помош, а во цела Хрватска околу 100 илјади. Десет илјади лица во земјата секој ден се хранат во народните кујни. Во Загреб има меѓу 3 и 4 илјади домаќинства, на кои е исклучена електричната енергија, а да не зборуваме за оние што живеат по подруми и места без вода и електрична енергија, изјави Млинар, нагласувајќи дека не се почитуваат законите што се однесуваат на овие проблеми.
Бездомниците се алкохоличари и безделници е предрасуда, додека таа група е само 10 отсто од овој број, а останатите се луѓе без работа и кои се иселени од своите домови.