ХРВАТСКА: Секој петти државјанин доживеал депресија, стрес и вознемиреност
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 16 Јуни, 2020
Во Хрватска, истражување за психолошките последици од пандемијата е направено преку онлајн-анкета.
Секој петти хрватски државјанин доживеал депресија, стрес и вознемиреност поради кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.
Ова го покажуваат резултатите од истражувањето реализирано од одделот за психологија при Филозофскиот факултет во Загреб на примерок од 3.500 возрасни испитаници, пишува „Вечерњи“.
„Додека, како што се очекуваше, стресот и вознемиреноста се чувствуваа еднакво од сите возрасни групи, самохраните лица, постарите и граѓаните што живеат во семејства со нарушени односи, како и граѓаните што претходно имале ментални нарушувања, беа повеќе депресивни“, изјави професорката по психологија, Гордана Кутеровац-Јагодиќ, од Филозофскиот факултет во Загреб.
Само 38 отсто од постарите граѓани кажале дека се сметаат себеси за поранливи од другите групи граѓани, а 6 отсто рекле дека се дури и поотпорни на вирусот од другите групи.
Но, 28 отсто од пензионерите, поради економските последици од кризата, се многу загрижени затоа што нивните пензии ќе бидат намалени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.