16 Декември, 2025
0.0316

Хрватска станува енергетска сила?

Објавено во: Балкан 21 Јануари, 2014 20:21

Добивај вести на Viber

Норвежани пронајдоа нафта и гас на дното на Јадранското Море, во количества кои би можеле да ја направат Хрватска нова енергетска сила на Балканот. Норвешката компанија „Спектрум“ во изминатиот период изврши 2Д скенирање на морското дно во близина на хрватскиот брег. Испитувањето траеше пет месеци и покажа големи потенцијали  за наоѓалишта на нафта и гас вдолж целото хрватско крајбрежје, вели Руне Енг, директор на компанијата „Спектрум“. „Засега е рано да се зборува за количества и вредност. Но секако, Јадранот заради својата мала длабочина ќе биде интересен за глобалните џинови во нафтената и индустријата за гас“, додаде тој. Хрватскиот министер за економија Иван Врдољак најави дека веќе на пролет ќе објави меѓународен тендер за експлоатација на природните наоѓалишта и изрази очекување оти Хрватска наскоро „би можела да стане енергетски џин не само на Балканот, туку и во цела Европа“. Околу 20 светски нафтени и компании за гас веќе пројавиле интерес да се јават на тендерот, а податоците кои ги собра „Спектрум“ ќе треба да помогнат во дополнителна мотивација на странските инвеститори.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството