16 Декември, 2025
0.0931

Хрватските воени авиони „заробени“ во Украина

Објавено во: Балкан 17 Март, 2014 20:52

Добивај вести на Viber

Вкупно 12 хрватски воени авиони од типот МИГ-21 се наоѓаат на ремонт во Украина, а нивната испорака заради актуелната криза во оваа земја доцни веќе пет месеци. Ова и предизвикува проблеми на хрватска која воздушниот простор треба да го контролира со преостанатите три авиони од типот МИГ-21 кои се функционални. Хрватските авиони се на ремонт во заводот во Одеса, многу блиску до тензичните случувања на Крим, а до сега украинско-чешкиот тим кој работи на нивната поправка успеал да провери само пет авиони. Откако ремонтот ќе заврши, хрватски експерти треба да направат проверка, да извршат и пробни летови со кои ќе проверат дали авионите се во добра состојба, а дури потоа тие ќе се вратат назад во Хрватска. Како резултат на ова, во унгарските медиуми се појавија текстови во кои се тврди дека Хрватска деновиве побарала од соседна Унгарија помош во заштитата на воздушниот простор. Од хрватското Министерство за одбрана побрзаа овие информации да ги демантираат, со образложение дека „хрватските оружени сили имаат способност за надзор и заштита воздушниот простор“.  

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството