HTC на 19 август можеби ќе го претстави W8 Windows Phone
Објавено во: Мои пари 31 Јули, 2014 16:02
HTC за 19 август закажа презентација во Њу Јорк, но се уште не е познато што ќе биде претставено на неа. Гласините велат дека HTC би можел да го претстави W8 телефонот, кој всушност ќе биде Windows Phone верзија на HTC One M8 телефонот. Иако нема докази дека телефонот ќе биде физички идентичен, врз основа на спецификациите кои се појавија неофицијално, можеме да очекуваме дека ова ќе биде случај. Овој HTC Windows Phone телефон ќе има Qualcomm Snapdragon 801 кој ќе работи на 3 GHz, со 2GB работна меморија и 16GB или 32GB меморија за складирање.
MicroSD просторот исто така ќе биде достапен. Се очекува дека телефонот как0 и M8 ќе има 5-инчен Full HD екран, со карактеристични BoomSound звучници. Доколку ова биде физички сличен или идентичен уред, останува да видиме дали и камерата ќе биде иста како во случајот со One M8 телефонот, односно дали ќе има т.н. „UltraPixel“ сензор спарен со посебен сензор за мерење на оддалеченоста на објектот
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




