19 Декември, 2025
0.0574

Huawei P9 дебитира на македонскиот пазар во сина боја

Предводникот на Huawei за 2016 сега е достапен со нов стилски изглед.

Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2016 10:56

Добивај вести на Viber

Првиот паметен телефон во светот, ко-развиен во соработка со легендарниот бренд - Leica - Huawei P9 сега е достапен и на македонскиот пазар во уникатна сина боја. Топ моделот на Huawei за 2016 пристигнува со стилски нов изглед, инспирирајќи ги љубителите на убави и елегантни бои.Новата сина верзија е достапна и на македонскиот пазар од декември, заедно со полнач од повисока класа, што овозможува побрзо полнење на батеријата до 30% (за 30 минути добивате дури  до 50% наполнет уред), во споредба со претходната полнач.

Клучот за одлични слики, снимени со P9, лежи во дизајнот на камерата на два објективи, кои целосно ги откриваат можностите на оптичките леќи Leica, признати за нивната прецизност и внимание на деталите.И двете задни камери на P9 работат синхронизирано, со цел да им овозможат на потрошувачите да креираат слики со неверојатни детали, интензитет и боја. Huawei P9 се состои од голем број на авангардни технички компоненти: најбрз окта-core процесор HiSilicon Кирин 955, 3 GB RAM + 32 GB ROM за складирање на оперативниот систем и мултимедијални датотеки. Доколку е потребно, капацитетот на меморијата може да се прошири со microSD картички. Предната страна на P9 се издвојува со оптимална големина на екран од 5,2 ". Екранот е заштитен со најновото и најотпорно на оштетувања стакло Corning  Gorilla 4.  Личните податоци се заштитени од најбрзиот и најмодерен скенер за отпечатоци. Батеријата на Huawei P9 е со 3000 mAh, што е доволно да издржи 1,5-2 дена помеѓу две полнења.

 "Европските потрошувачи на смарт телефони за 20016-17 од Европската асоцијација за обработка на слика и звук е повторно тука и сега во една поинаква, привлечна боја. Ние сме среќни што можеме да ви ја понудиме сината боја како алтернатива за други класични бои и сигурни сме дека ќе предизвика голем успех меѓу македонските потрошувачи "- изјави Џеферсон Жанг, директор на одделот за Потрошувачки уреди за Huawei Бугарија и Македонија.


Дури и во една нова сина боја, Huawei P9Blue е сосема соодветен како за мажите така и за жените, за кои е важно во своите раце да имаат успешна комбинација на неверојатно брз уред со стилски и модерен изглед. Уредот е достапен за потрошувачите во продавниците на мобилни оператори, како и во големите синџири на маркети за технологија.

За повеќе информации ве молиме посетете го сајтот: http://consumer.huawei.com/bg/index.htm

За редовни информации следете не на нашите социјални мрежи:

Facebook: www.facebook.com/HuaweiBulgariaMobile

Instagram: https://www.instagram.com/huaweibulgaria/

Twitter: https://twitter.com/HuaweiBulgaria

YouTube: www.youtube.com/HuaweiBulgaria


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии