Хуманитарен концерт во Драмски театар за помош на семејството Димитриевски
Објавено во: Македонија 16 Март, 2017 15:20
Општинската организација Кисела Вода при Црвениот крст организира хуманитарен концерт кој во недела (19.03) од 19:00 часот ќе се одржи во Драмскиот театар во Скопје.
Целта е да се соберат средства со кои ќе му се помогне на семејството Димитриевски со самохрана мајка со две малолетни ќерки од кои едната боледува од ментален хендикеп и атрофија на мускулите.
Картите ќе се продаваат по цена од 100 денари и истите можат да се резервираат или да се купат пред самиот почеток на концертот.
На концертот ќе учествуваат: Ансамбл Студио Фолклор, КУД Гоце Марковски, Фолклорно Студио Етнос, Либеро Бенд, Дамјан Димески, Марија Спасовска, Бенд при СЕПУГС "Васил Антевски-Дрен", Оркестар при ДМУБЦ "Илија Николовски-Луј".
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




