Хуманитарен креативен Велигден на Рамстор Мол и дечињата од домот 11 Октомври
Објавено во: Мои пари 08 Април, 2015 10:03
По повод големиот христијански празник Велигден, утре (09.04) четврток во Рамстор Мол ќе се одржи голема хуманитарна креативна работилница за боење на уникатни велигденски јајца во која главни креативци ќе бидат децата од домот 11 Октомври, работилницата започнува во 11.30 часот .
Посетителите на Рамстор Мол, ќе добијат можност во живо да го следат и да се вклучат во креативниот процес на создавање на велигденските јајца, да си купат јајце и со тоа да донираат во специјалната кутија за донации која ќе биде поставена во трговскиот, а средствата ќе бидат наменети за децата и домот. Во рамки на Велигденските активности истиот ден од 13 до 19 часот сите дечиња добиваат можност во супермаркетот во Рамстор Мол да ја покажат својата креативност во боење на јајца.
Рамстор Мол ги кани сите хумани граѓани да бидат дел од овој празничен хуманитарен настан за заедно да го разубавиме Велигден на децата од домот 11 Октомври.
Можеби ќе ве интересира
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!






