Хуманитарна акција на ЕВН Македонија и Црвен крст на РМ „Да споделиме радост“
Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2016 17:05
ЕВН Македонија и Црвен крст на Република Македонија и годинава ја организираат хумнанитарната акција „Да споделиме радост“. Во рамките на оваа акција 300 деца од социјално загрозени семејства и деца со посебни потреби ќе проследат новогодишна претстава, проекција на детски анимиран филм и ќе добијат новогодишни пакетчиња.
Акцијата почнa од Скопје со заеднички новогодишен настан во Кинотека Македонија каде 150 дечиња се дружеа и фотографираа со Дедо Мраз и добија новогодишни пакетчиња. „На новогодишните празници најмногу им се радуваат децата. Да се биде дел од таа радост и да се сподели истата со другите е голема чест и задоволство, затоа веќе традиционално заедно со Црвен крст на РМ ги организираме овие дружења со дечињата“, рече Ленче Карпузовска менаџер на одделот за Комуникации во ЕВН Македонија.

Сузана Тунева Пауновска секретар на Црвен крст на град Скопје, посочи дека ЕВН Македонија и Црвен крст на РМ ќе организираат представа, средби со Дедо Мраз и ќе поделат новогодишни пакетчиња и за децата од Битола, Штип, Струмица, Кочани, Кичево, Струга и Гевгелија.
Празничната недела ќе заврши со учеството на ЕВН во манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје“ каде корисниците кои ќе победат на конкурсот за најубаво украсен двор, куќа, тераса и угостителски објект ќе бидат наградени со еднократно ослободување од плаќање на декемвриската сметка за електрична енергија.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




