Хуманитарна акција за Трескавец-на потег прилепските фризери и бербери
Објавено во: Мои пари 14 Април, 2013 10:10
Во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска ќе се одржи хуманитарна акција за обнова на манастирот Трескавец. Прилепските бербери и фризери од 10 до 17 часот ќе им ги нудат своите услуги на посетителите за 100 денари.
Во акцијата се вклучуваат 25 реномирани фризери и бербери од Прилеп преку регионалната занаетчиска комора, а тие очекуваат на повикот за учество да им се придружат и колеги од другите градови. Посетителите може да донираат и без да ги користат услугите на еснафот.
Собраните средства ќе бидат наменети за обнова на манастирот Трескавец. Ова е прва од ваков вид манифестација на овој еснаф кој се вклучува во мисијата за помош на манастирот чии конаци изгореа во пожарот на 4 февруари.
Соорганизатор на хуманитарната акција е прилепската локална самоуправа.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





