11 Декември, 2025
0.0350

Хуманоста на дело: За роденденот на Diamond Mall собрани 600 килограми храна и 10 куќички за бездомните кучиња

Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2025 09:10

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие „Лајка“ доби 600 килограми храна за кучиња и 10 рачно изработени куќички за кучиња, a донацијата беше обезбедена преку активностите организирани по повод вториот роденден на Diamond Mall. Во рамките на одбележувањето на вториот роденден, Diamond Mall организираше низа активности во соработка со ЈП „Лајка“, во насока на подигнување на јавната свест за потребата од заедничко делување за подобрување на состојбата со бездомните животни во Скопје.

„Комплексот Diamond of Skopje, чиј дел е Diamond Mall, е дел од оваа заедница, дел од Скопје. Како одговорна компанија, ние активно се вклучивме во заедничка акција за подобрување на состојбата со бездомните животни. Навистина ни е драго што нашата иницијатива беше одлично прифатена, а резултатот е потврда за тоа. И во следниот период продолжуваме да градиме мостови за подобар живот“, изјави Куртхан Апајдин,генерален директор на „Лимак Скопје“, компанија во чија сопственост е комплексот.  

Најмалку еден килограм храна беше услов за присуство на хуманитарниот концерт кој се одржа на 26 октомври 2025 година. На концертот настапија македонски музички ѕвезди Лозано, Викторија Лоба, Лара и Пајак, како и музичката легенда Драган Мијалковски како специјален гостин. Покрај тоа од 20 до 26 октомври во Diamond Mall беше отворена Зона за донации, каде што сите посетители можеа да остават храна и опрема за бездомните животни.

„Задоволни сме што нашиот роденден се претвори во убава хумана приказна, која покажа дека кога луѓето се обединети околу позитивна цел, резултатите се исклучителни. Веруваме дека токму ваквите моменти ја градат културата на одговорност и солидарност, како и дека малите гестови можат да доведат до големи промени“, изјави Селин Октај, директорка на Diamond Mall.

Во трговскиот центар се организираа и активности за да се поттикне вдомување на  кучињата кои чекаат нов дом, а се одржа и креативна работилница за бојадисување куќички за кучиња, на која беа изработени десетте куќички и потоа донирани на „Лајка“.

Преку оваа иницијатива Diamond Mall обезбеди конкретна поддршка за ЈП „Лајка“, но истовремено успеа да го зголеми бројот на луѓе кои се вклучија да помогнат.

Diamond Mall продолжува да го развива и својот концепт на современ лајф центар, но и да поттикнува и поддржува активности од јавен интерес.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“

„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници