04 Декември, 2024
0.0719

И ЦВЕЌЕТО МОЖЕ ДА БИДЕ ОДЛИЧЕН БИЗНИС: Доказ за тоа е тринаесет годишната работа на семејство од Теарце

Објавено во: Агробизнис 21 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Дека и цвеќето може да биде одличен бизнис со своето искуство од 13 години го потврдува семејството на Клаудија  Мановска од тетовското село Теарце.

Велат почнале одамна, но времето минува брзо кога се работи со љубов.   Мановска раскажува дека интерес за цвеќето има,  се купува за различни поводи.

„Имаме засадено цвеќиња на околу 1 500 метри квадратни. Тоа е просторот, односно дворното место околу нашата куќа. Имаме рози, кали, кринови, кои се многу близу до нас и на кои им го посветуваме целото свое време и внимание.  Луѓето ги сакаат цвеќињата, па, би можела да кажам дека има купувачи на цвеќе. Генерално, луѓето купуваат цвеќе за весели настани. Купуваат за свадби, родендени, славење на завршен образовен циклус, но има и луѓе кои купуваат цвеќе заради себе и за тие околу нив. Според моја проценка, во лето најмногу се купува“ – вели Мановска.

Таа додава дека цените и квалитетот се основен двигател за успех во овој бизнис со кој се занимаваат и многу други луѓе. Повремено доколку е потребно цвеќињата бараат прскање и други агротехнички мерки. Полевање мора да се врши секој ден.

Мислам дека живееме во свет кој на некој начин нѐ „присилува” да се споредуваме со другите. Тоа не ми се допаѓа. Верувам дека една личност или нешто е единствено и дека нема причина зошто да биде како другата личност или нешто. Затоа што само ако биде единствено, има можност за развивање. Сметам дека споредбата, во овој случај конкуренцијата, е непотребна. Јас на ова би кажала дека има други луѓе кои се занимаваат со овој или сличен бизнис. Тоа што нѐ разликува од другите е во нас, самите. Она што ние го имаме е квалитет и свежина на цвеќето, брза достава и поефтини цени. Како и за сите други производи и добра, луѓето избираат каде ќе ги купат“ – изјави  Мановска.

Ние нудиме само еден избор од мноштвото избори кои им се овозможуваат на луѓето, додава таа.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.