И денес не дојде до договор помеѓу Грција и кредиторите
Објавено во: Балкан, Економија 25 Јуни, 2015 18:56
И денес Грција не успеа да постигне договор со кредиторите за да добие траншa од спасувачката програма, која истекува до крајот на месецот.
Средбата на Еврогрупата - и советот на министрите за финансии на земјите од Европската унија (ЕУ), заврши без резултат. Предвидено е разговорите да бидат обновени во сабота.
Претседателот на Еврогрупата Јерун Диселблум коментирал дека „вратите за Грција се уште отворени“, за да се прифатат барањата на кредиторите за реформите и затегнување на фискалната економија.
Учесници на состанокот, кои побарале анонимност, коментирал за новинските агенции дека канцеларката на Германија Ангела Меркел предупредила дека до договор треба да дојде најкасно до понеделник.
Пред лидерите на политичките сили, обединети во Европската народна партија, Меркел изјавила исто така, дека „Германија нема да биде уценувана од Грција“.
Според комесарот за економски прашања, Пјер Московичи клучните прашања за кои Грција и нејзините партнери имаат несогласувања, се ДДВ стапките и пензиските реформи. Атина инсистира на диференцирана стапка и зачувување на преференцијалите за островите и одбива да се намалат повеќе платите и пензиите.
На прес-конференција денеска портпаролот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Џери Рајс истакнал дека Фондот е „на иста страна како Европејците“, што се однесува до преговорите.
Рајс нагласува дека дискусиите за одржливоста на долгот и финансирањето за Грција ќе мора да почека додека Атина не се согласи да ги оствари клучните реформи.
Според премиерот на Италија, Матео Ренци до договор нема да дојде и на средбата на лидерите на земјите од ЕУ, која се одржува денеска и утре во Брисел. Претходно Меркел истакнала дека лидерите на земјите членки нема да бидат од интервенција во преговорите.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




