И Европската Унија сака да биде дел од меѓународниот транзициски комитет за Појасот Газа
Објавено во: Свет 06 Октомври, 2025 20:51
Европска Унија сака да учествува во мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп и да биде дел од меѓународниот преоден комитет во Појасот Газа, изјави денес високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, за време на нејзината посета на Кувајт.
Според неа Европа треба да има важна улога и треба да биде дел од тоа, посочи Калас одговарајќи на новинарско прашање за евентуалното учество на ЕУ во мировниот план на Трамп.
- ЕУ е главен донатор на хуманитарна помош за Палестинците и одржува односи и со Палестинската самоуправа и со Израел. Затоа верувам дека Европа не треба само да биде плаќач, туку и учесник, истакна Калас на маргините на состанокот во Кувајт помеѓу земјите од Персиски Залив и ЕУ.
Таа додаде дека ЕУ работела на мировниот план и оти ќе соработува со арапски партнери. Калас изрази надеж дека „и Израелците ќе се согласат“.
Трамп минатата недела објави мировен план за Појасот Газа, а Израел и Хамас денеска во Египет почнаа индиректни преговори.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




