19 Мај, 2024
0.0256

И Грција ќе го менува Уставот?

Објавено во: Балкан 30 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас претстави предлози за измена на Уставот на Грција.

Тој на состанок на парламентарната група на СИРИЗА, ги претстави предлозите на партијата за измена на Уставот на Грција, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Меѓу предлозите, кои ги претстави Ципрас, е и експлицитното воведување на „религиозна неутралност на државата“.

„Државата и Црквата имаат зрелост, разум и чувство да прифатат рационализирање на односите меѓу нив. Дојде време во Уставот експлицитно да се воведе религиозната неутралност на државата“, изјави Ципрас. 

Тој, меѓу другото, предлага да биде воспоставен пропорционален изборен систем, како и да се воведе „конструктивно гласање на недоверба“, т.е. систем, при што предлогот за гласање недоверба на владата може да биде усвоен од Парламентот само под услов ако се избере нов премиер.

Ципрас вели дека тоа ќе создаде услови за политичка стабилност, ќе го попречи предвременото прекинување на парламентарниот мандат и ќе се создаде предуслов за исполнување на четиригодишен политички циклус, независно од тактиката и плановите на вонинституционалните политички центри.

Во истата смисла се вклопува и предлогот да биде воведен условот премиерот задолжително да биде избран од грчкиот народ, т.е. да биде пратеник. Според Ципрас, тоа ќе спречи нови случаи, премиерската функција да ја добијат лица кои не поминале преку гласање на народот.

СИРИЗА бара да биде воведено „правото за спроведување на референдум по иницијатива на народот”. 

Со Договорот од Преспа е предвидена промена на Уставот на нашата земја. Oвие уставни измени треба да завршат во јануари. 

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс