16 Декември, 2025
0.0448

И Косово ќе добие крак од „Јужен тек“?

Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2014 19:18

Добивај вести на Viber

Србија сака да постави еден крак од гасоводот „Јужен тек" кон Косово. Ова го најави српскиот министер за природни ресурси, рударство и просторно планирање Милан Бачевиќ. „Сега го правиме просторниот план на јужниот крај на 'Јужен тек', кој ќе заврши во Македонија. Ќе поставиме и крак за Косово", рече Бачевиќ за белградска „Политика". Тој додаде дека Србија не треба да се вклучува во расправата меѓу ЕУ и Русија за изградбата на гасоводот. Почетокот на изградбата на гасоводот „Јужен тек”  во Србија симболично беше означен кон крајот на ноември 2013 година. Сепак градежните работи со полн ек ќе почнат во февруари годинава. За изградба на српскиот дел од гасоводот ќе бидат на располагање околу 500 милиони евра, кои ќе ги обезбедат Гаспром и Србијагас. На изградбата на овој транснационален гасовод кој завршува во западна Европа и кој низ Србија ќе минува во должина од 421 километар, директно ќе работат околу 25 илјади работници, а индиректно околу 100 илјади вработени од српските градежни компании, произведувачи на опрема и претпријатија од услужниот сектор.  

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството