10 Декември, 2024
0.0245

И костимчиња од Титова Југославија и македонски гламур: Модата на црвениот килим на „Манаки“

Објавено во: Стил 24 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Фимските фестивали низ светот се место каде првично се дава простор на филмските остварувања во секаква форма. Најчесто, на поголемите такви манифестации постои и црвен килим каде гостите, актерите, екипите, режисерите, го презентираат и својот избор на облека. Знаеме веќе како е тоа на Оскарите или пак на Златните глобуси, а баш пред неколку дена како тоа изгледа и на Венецискиот и Сараевскиот филмски фестивал.

Филмскиот фестивал Манаки во Битола е најголема и најрепрезентативна манифестација од овој тип во земјава. Поминаа плејада на исклучителни луѓе од светот на филмот и секој од нив е богатство сам по себе. Фестивалот кој годинава се организира под слоганот „The Beautiful Unknown“ започна вчера во Центарот за култура во Битола со учество на голем број гости. Ќе трае до 29 септември, ќе бидат прикажани 80 филмови и ќе бидат организирани семинари, дискусии и работилници. 

Наградата „Златна камера 300“ за животно дело му беше доделена на оскаровецот, кинематографот Питер Бижу, а наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ ја прими актерката и продуцентка Лабина Митевска.

Водители на вечерта беа актерите Сашко Коцев и Јелена Јованова кои навистина изгледаа достојно за модната задача, имаше и фантастично шоу.

А, останатите кои прошетаа на црвениот килим... секој е приказна сам за себе. Не е дека немаше гламурозна нишка пред самиот влез (имаше и огромен балон со хелиум и пригодно осветлување со безброј фотографи) но ние не се научивме (не сите) како се облекува за најреномираниот фестивал. Зошто кога ви се дава шанса да бидете дел од нешто вакво значајно, се облекувате во облека која не е достојна на самото реноме на настанот? Денес спектарот на облека е толку широк, толку можности, а некои повторно од костимчиња како од времето на Титова Југославија? 

Точно е дека таквите костими се едноставни, но не се носат на црвениот килим. Зошто да не се презентира идеја, визија, нешто необично, не мора ни нападно, но нешто кое отскокнува и доликува (доликува- не исто како планетарните ѕвезди оти тоа се парчиња од по 30.000 евра) на облеката која ја носат луѓето на вакви и слични манифестации? Ако мислевте да бидете скромни и едноставни, и за тоа има решение и ќе бидете уникатни. Се разбира дека секогаш постојат исклучоци, изгледаа одлично и ќе ги видите во галеријата. 

Нам не ни е целта никого поединечно да го критикуваме, зборуваме општо. Тоа дека сме сиромашни веќе не држи вода, треба да имате смисла и да знаете да ги носите нештата, па нека е и фустан од 1.500 денари.


Многу повеќе фотографии од настанот може да најдете на „Женски магазин“.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.