24 Ноември, 2024
0.0310

И ЛАНИ 200 МИЛИОНИ ЕВРА ДАДЕНИ „НА ЛИВЧЕ“ - но што го намали данокот кој ќе биде уште понизок

Објавено во: Економија 08 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Се уште нема информација кога ќе се отворат класичните обложувалници и казината. Но, од Управата за јавни приходи тврдат дека владината Уредба со која се овозможи онлајн организирање на игри на среќа, нема никаква врска со уредбата со која беа затворени класичните обложувалници и казината. Ова всушност, би требало да значи дека дозволеното интернет приредување на игрите на среќа не е поврзано со некакви намери класичните казина и обложувалници да замрат, што, пак, навестува дека тие би биле отворени кога ќе се олабават владините рестриктивни мерки.

„Владата, на седницата одржана на 14 март 2020 година, донесе Одлука со која се забранува работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници. Одлуката е објавена во ‚Службен весник на РСМ' од 14 март годинава и стапува во сила истиот ден. Оттука произлегува дека оваа мерка не е поврзана со Уредбата за примена на Законот за игрите на среќа за време на вонредна состојба“, велат за Фактор од Управата за јавни приходи.

Од УЈП објаснуваат дека согласно новата Уредба, право да приредуваат интернет игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб, имаат сите приредувачи кои имаат лиценца добиена согласно со Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

„Наведеното значи дека  само постоечките приредувачи на игри на среќа кои имаат добиено лиценца од Владата, како и оние што дополнително ќе добијат лиценца во овој период, имаат право да ги приреадуваат интернет игри на среќа“, потенцираат од УЈП. 

А нашите граѓани, барем според бројките на УЈП, речиси секоја година трошат по 200 милиони евра за да уплатат ливче во спортските обложувалници, односно за да си ја пробаат среќата типувајќи на некој од спортските натпревари.

„Износот на вкупните уплати (на тикети) за 2019 година во сите спортски обложувалници изнесуваат 12.306.540.956 денари, или нешто повеќе од 200 милиони евра во денарска противвредност“, велат од УЈП.

Оваа бројка е идентична со онаа во претходните години. Околу 200 милиони евра граѓаните имале уплатено на ливчиња на игри на среќа и во 2017 и во 2018 година, а одредени петходни години таа сума достигнувала и до 220 милиони евра.

НА ТИКЕТИ УПЛАТЕНИ 200 МИЛИОНИ ЕВРА, ДОБИВКИ ОД 150 МИЛИОНИ

Граѓаните лани просечно по тикет уплаќале по околу 200 денари. Ова значи дека имало многу што уплаќале ливче од по 50 денари, но и такви што „ставале“ поголеми суми.

„Просечната уплата по тикет во 2019 година вклучувајќи ги сите спортски обложувалници, согласно службената евиденција на УЈП изнесува околу 195 денари“, наведуваат од УЈП.

Додека, пак, лани обложувалниците во вид на добивки им исплатиле на играчите сума од 150 милиони евра. „Износот на вкупните исплати (по однос на уплатени тикети) за 2019 година, вклучувајќи ги сите спортски обложувалници, изнесуваат 9.222.735.357 денари,  или околу 150 милиони евра во денарска противвредност“, велат пресметките на даночните власти. 

Или во превод, кај обложувалниците останале како „ќар“ 50 милиони евра.

Лани во спортските обложувалници биле уплатени голем број ливчиња, или 62,7 милиони тикети, говорат официјалните податоци на УЈП.

ДАНОКОТ УШТЕ ЛАНИ ЗНАЧАЈНО НАМАЛЕН, ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПОМАЛ

Државата, пак, од данок од приредувачите на игри на среќа во 2019 година се офајдила со околу 24 милиони евра.

„Во изминатата 2019 година по основ на данок на личен доход од исплатени добивки спрема играчите од игрите на среќа, сите приредувачи на посебни игри на среќа имаат прикажано обврска во вкупен износ од 1.457.437.813 денари, или околу 23,7 милиони евра во денарска противвредност“, потврдуваат од УЈП.

Она што изненадува, е што во 2017 година на пример, обложувалниците по основ на задржан персонален данок на доход од исплатени добивки спрема играчите платиле износ од 38,8 милиони евра. Или, во 2019 година наплатениот данок во однос на 2017 е помал за 15 милиони евра. Зошто е така, не е јасно. Неодамна министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека годишно оваа индустрија му носи на државниот буџет по 30 до 40 милиони евра.

Оваа година, пак, државата сигурно ќе наплати уште помала сума од игрите на среќа, со оглед што од 15 март обложувалниците и казината престанаа да работат, а сега, иако оттогаш се поминати речиси два месеци, тие се уште не се отворени и не се знае кога тоа ќе се случи. Интернет игрите на среќа, како што велат од УЈП, се уште не се организираат. Затоа не се знае колку пари оваа дејност годинава ќе донесе во буџетот, но таа сигурно ќе биде многу помала во споредба со остварените приходи од лани. 

„Со оглед на тоа што се уште нема деловна активност од даночните обврзници во делот на приредувањето на интернет игрите на среќа врз основа на донесената Уредба, објективно не сме во можност да дадеме било какви податоци или проекции за очекуваните приходи за периодот што претстои“, велат даночните власти.

Фактор праша во УЈП колкави приходи се остврувале од игрите на среќа во претходните години, но оттаму велат дек овие податоци треба да се обезбедат од Министерството за финансии, бидејќи тоа било во нивна надлежност.

ПОСЕБНА ДАВАЧКА ОД 4 ОТСТО

Од почетокот на оваа година, пак, се додека беа отворени спортските обложувалници, односно до 15 март, биле уплатени 12.870.102 тикети за спортско обложување. Тоа значи дека пред ударот на корона кризата граѓаните годинава почнале да се обложуваат речиси идентично како лани, но тоа престана по нивното затворање.

Досега за класичното обложување не беше предвидено плаќање на посебна давачка на износот на уплатите. Со Уредбата од 24 април, пак, се предвидува плаќање на посебна давачка која се пресметува на 4 отсто од вкупниот износ на уплатата кај обложувалниците кои ќе приредуваат интернет игри на среќа.

„Ваквиот начин на плаќање на посебната давачка ќе се применува  само за времетраење на Уредбата, односно шест месеци  по престанување на траењето на вонредната состојба. Во периодот до стапување на сила на Уредбата, не се плаќаше ниту една давачка на извршените уплати од игрите на среќа“, потенцираат од УЈП. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“