И МАКЕДОНСКА КОМПАНИЈА ЌЕ ДЕЛИ БОНУС ЗА ВАКЦИНИРАНИ: Во други има тивки повици за вакцинација за сите
Објавено во: Економија 24 Август, 2021 07:29
Една поголема македонска компанија им понудила на вработените по 3.000 денари бонус ама ќе го добијат само тие кои се вакцинирани. Практиката која е позната и во други светски компании, во земјава засега не е присутна многу. Сепак има дел од менаџерите кои сакале поголем дел од вработените да се имунизираат, па дел од работниците во страв дека во иднина тоа може да значи губење на работното место деновиве побрзале да се вакцинираат. Еден дел од граѓаните кои чекаа на ред пред вакциналните пунктови и сами тврдеа дека се одлучиле да дојдат само заради можни последици врз работното место. Тивки повици за задолжителна вакцинација за сите имало и во некои поголеми странски компании кои работат во земјава.
Владата донесе нови мерки со важност од минатиот понеделник според кои во сите јавни објекти на затворено задолжително е да се приложи сертификат за примена вакцина, барем една доза или потврда за прележување на вирусот во рок од 45 дена. Поради тоа не е дозволен влез за невакцинираните граѓани и во угостителските објекти, моловите и обложувалниците. Мерките го зголемија интересот за вакцинирање, но дел од граѓаните одлучиле да се имунизираат и поради чувство дека е можно во иднина слични мерки да аплицираат и нивните газди. Раководствата на поголемите компании сепак не потврдуваат дека имало такви одлуки ниту пак дека планираат тоа да го сторат. Позанавачите велат дека такви мерки не се применливи и би значеле кршење на правото на избор поради тоа што и вакцинацијата не е задолжителна. Од тоа велат, не смее да зависи работното место.
Бонусите за вакцинирани, според експертите се сосем друга работа и велат дека тоа би било стимулативно и во корист на сите. Домашната компанија која се одлучила на таков потег деновиве планира да обелодени. Во соседна Србија веќе имаше неколку фирми кои делеа награди за имунизираните. Прва таква одлука донесе валалницата за бакар од Севојно (што е сопственост на „Ист Поинт металс“), а според одлуката секој вработен вакциниран беше награден со 10.000 динари, односно 85 евра.
Во САД инвестициската компанија „Вангард“ одлучи да им додели бонус во вредност од 1.000 долари на вработените кои ќе се вакцинираат. Компанијата вработува 16.500 лица во САД, а за да се добие бонусот треба само да се покаже доказ од вакцинација против коронавирусот најдоцна до 1 октомври годинава.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





