И МНОГУ МАКЕДОЦИ ВО МОМЕНТОВ СЛАВАТ И ЗИМУВААТ ТАМУ - белграѓанка била шокирана од сметка за ручек на Копаоник
Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2024 08:46
Цените на Копаоник од година во година ги шокираат граѓаните на Србија и бројните туристи, но сметката што ја платила една белграѓанка на оваа планина повторно изненади многумина.
Белграѓанката ја платила сметката во ресторанот во кој била со двете деца и сопругот. Ручекот и пијалоците за четиричлено семејство чинат 8.270 динари. Семејството нарачало четири пијалоци, останатото било храна. Според сметката, чајот од камилица чини 250 динари, варено вино 300, шише со вода од 0,75 дл 400, а газиран сок 360 динари.
Пица во ресторан чини 1.300 динари, а семејството порачало две. Една гурманска плескавица чини 1.200 динари, а пилешкото бело месо чини 900. Можеби најголемиот шок е цената на телешката супа која е 500 динари. Семејството нарачало три порции. Не помалку изненадува и цената на салатата од зелка која е 400 динари.
Да потсетиме, за четири ноќевања, во кои е вклучена и новогодишната ноќ на Копаоник, треба да потрошите 290.908 динари. Хотелот се наоѓа во самиот центар, а цената се однесува за периодот од 29 декември до 1 јануари.
(Мондо)
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




