17 Декември, 2025
0.0441

И Општина Аеродром „оди во илегала“ со субвенционирана струја за улично осветлување

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Општина Аеродром предводена од градоначалникот Тимчо Муцунски, инаку потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, формираше посебно јавно претпријатие за стопанисување со јавното осветлување за да се потпре на субвенционираната електрична енергија за домаќинства и мали потрошуивачи, односно да не ја плаќа високата цена на слободниот пазар, нешто што наиде на критики од страна на централната власт.

Конечниот акт е донесен од Советот на општината на 31 мај, а за директор е поставен Благоја Ѓорѓиевски. Според она што можевме да го видиме на „отворени финансии“, Општина Аеродром која досега имаше свој посебен сектор за уличното осветлување, плаќала високи месечни сметки кои надминувале и над 100-тина илјади евра. Од општината ни потврдија дека целта е да се заштедат пари на високите суми кои се одлеваат на фактурите.

„Формирањето на ова јавно препријатие има цел да предизвика промени во начинот на плаќање на сметки од страна на општината, односно износот да биде определен според големината на новото претпријатие, кое влегува во категоријата „мал потрошувач“. Со ова, предвидено е сметките за струја на општината да се намалат неколкукратно. За појаснување, согласно Законот за енергетика, „мал потрошувач“ на електрична енергија, односно природен гас е субјект чиј просечен број на вработени во последните две пресметковни години е помалку од 50 вработени и има вкупен годишен приход помал од два милиони евра во денарска противвредност, со исклучок на производителот на електрична енергија и операторот на системот за пренос и системот за дистрибуција на електрична енергија односно природен гас. Согласно горенаведеното, доколу потрошувачот е домаќинство или мал потрошувач, нивното снабдување го врши универзалниот снабдувач“; гласеше објаснувањето кое го добивме од општината.

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, на крајот од минатиот месец рече дека ваквото избегнување на договори на слободниот пазар е злоупотреба и дека граѓаните веќе од јули поради тоа би можеле да се соочат со повисоки сметки за струја до 10 проценти. Претседателот на РКЕ побара да се објават јавно кои општини направиле злоупотреба на електричната енергија, со цел „граѓаните да знаат дека тие општини не се грижат за нив“.

-Трошокот од 30 милиони евра, што го направиле општините значи 10 отсто зголемување на електричната енергија за граѓаните. Тој трошок РЕК сега ќе го префрли назад кај сите тие општини. Немаме намера повторно да го преземеме тој товар, рече Бислимовски во изјава за медиумите.

Единствено досега министерот за економија Крешник бектеши ја посочи Битола 

чија обврската наводно умешно ја предале на ново-формирана компанија која немала ниту 50 вработени.

„Во претходната година немала воопшто направено промет и на овој начин таа ја плаќала цената на струја која е наменета за домаќинства. Ова е манипулација од страна на локална самоуправа, Општина Битола во овој случај, но и компаниите за кои ги имаме потребните докази и ги имаме во систем. Известена е и Управата за Јавни Приходи и се надеваме дека УЈП наскоро ќе ги направи потребните контроли и да превеземе соодветни мерки“, рече Бектеши.

Од Општина Битола реагираа дека „тоа јавно претпријатие веќе е на регулиран пазар и го плаќа уличното осветлување за зоната Жабени, што значи законски е регистрирано согласно законот за енергетика“.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар