Добивај вести на Viber
На сите заинтересирани урбани и месни заедници, куќни совети и образовни институции, Град Скопје и оваа гдина доделува садници. Во акцијата ќе се доделат 1.500 листопадни и зимзелени дрвца.
Оние кои се заинтересирани ќе треба да поднесат барање до Секторот за комунални работи на Град Скопје, булевар „Илинден“ бр. 82, од 12 до 15 март . Садниците ќе може да ги подигнат од 18 до 22 март од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Градски парк или од расадникот во населба Бутел.
Субјектите во барањето треба да го наведат видот на садниците што бараат да им се доделат, бројот и точната локација на која планираат да ги засадат дрвцата. На барањето треба да стои печат од куќниот совет, урбаната месна заедница или од образовната институција.
На куќните совети и образовните институции на кои ќе им бидат одобрени барањата, во оваа акција ќе им се доделат најмногу десет, а на урбаните и месни заедници по 15 садници.