22 Ноември, 2024
0.0293

И „паѓа ли шеќерот“ на скопска „Европа“?

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Скопска „Европа“ во мај купи грст акции (околу 500) во „Фершпед“ и за тоа плати околу половина милион евра. Истата „Европа“ лани во јуни продаде 120 акции во „Фершпед“ по цена од 44.000 денари за акции, а тие беа дел од пакетот акци кои во 2014 година ги плати по 152.600 денари за акција и со продажбата направи капитална загуба од 211.000 евра. Зошто компанијата што продаде акција со капитална загуба пред помалку од година сега повторно купува од истата акција? Особено затоа што тогаш продаде по 44.000 денари за акција, а сега купува по цени над 55.000 денари за акција?

Скопската кондиторска индустрија „Европа“ за неполн месец вложи околу половина милион евра во грст акции на најголемата македонска шпедитерска куќа „Фершпед“. Во оваа прилика мора да потсетиме на тоа дека „Фершпед“ е најголем поединечен акционер во скопска „Европа“, а и тоа дека пред една година вработена во „Фершпед“ – Марика Караџова стана и уште е генерален директор на скопската кондиторска компанија „Европа“.

Купи – продај – купи стратегија 

„Европа“ за помалку од еден месец одлучи да затвори половина милион евра кеш пари во акции на „Фершпед“. А се знае дека тие акции оваа година нема да донесат дивиденда затоа што целата добивка од работењето во 2016 година „Фершпед“ одлучи да ја распореди како акумулирана добивка и да не дели дивиденда.

„Европа“ во декември 2014 година вложи еден милион евра во 422 акции во „Фершпед“. Повеќе за тоа можете да прочитате на следниот линк https://faktor.mk/chokoladna-bajka-evropa-plati-eden-milion-evra-za-422-aktsii-vo-fershped

Дел од тие акции, лани во јуни „Европа“ ги продаде со загуба поголема од 200.000 евра. Повеќе за тоа може да прочитате на следниот линк https://faktor.mk/zoshto-evropa-prodade-akcii-vo-fershped-so-zaguba-od-108600-denari-za-akcija

И што е најново? 

„Фершпед“ во два наврати во мај годинава објави дека „Европа“ купи вкупно 494 акции во неговата акционерска структура стигна до стек од 7,18 отсто и стана четврти по големина акционер во најголемата домашна шпедитерска компанија. За овие акции „Европа“ плати нешто помалку од поливна милион евра односно над 27 милиони денари со оглед на тоа дека акциите се купувани во маргина од 55.290 денари до 57.230 денари за акција.

Дали вложувањето на тие пари е најдобра инвестиција и колкав е нејзиниот опортунитетен трошок ? Ова се прашања на кои би можел да одговори менаџментот на „Европа“ и ако добиеме одговор на ова прашање ќе го објавиме во целост.

За освежување на сеќавањето (објавено на 28 јуни, 2017 година)

Што да се очекува од големиот ремонт во „Европа“?

Димитрова во оперативното управување со „Европа“ ќе ја замени Марика Караџова, која доаѓа од раководно место – шеф на комерција во „Фершпед“. Караџова сега е извршен член на Одборот на директори и е генерален директор на „Европа“. Логично е „Фершпед“ како најголем поединечен акционер во „Европа“ да има одлучувачки збор при изборот на нов генерален директор во компанијата. „Фактор“ во почетокот на мај ја најави промената на Димитрова, но тогаш никој од повиканите страни ниту Димитрова ниту Драган Наков не дадоа одговор за причините заради кои Димитрова ја напушта „Европа“.

Од достапните јавни податоци се гледа дека акционерите во „Европа“ одлучиле и направиле голем ремонт во раководењето со компанијата. Прво, одлучено е компанијата да не се управува двостепено и затоа се избришани Управниот одбор и Надзорниот одбор. Од крајот на мај компанијата се управува со едностепен орган кој се вика Одбор на директори. Во него има седум членови од кои четири членови се неизвршни, а тројца се извршни членови. Од извршните еден член е генерален директор на компанијата.

Интересно е тоа што од плејадата „стари борци“ од управниот одбор на „Европа“ во новиот орган на управување повеќе покрај Сава Димитрова не е ниту Штерјо Наков, таткото на Драган Наков најголемиот поединечен акционер во „Фершпед“.  Во новиот состав на Одборот на директори од старите членови на Управниот одбор е само Јасмина Цветаноска, додека Ивана Левентиќ, која е во роднински врски со големиот акционер Мила Левентиќ, и Александра Младеноска повеќе нема да учествуваат во управувањето со компанијата. Од „старата гарда“ од Надзорниот одбор во новиот состав на Одборот на директор не поминаа ниту Коста Младеноски, претставникот на големиот акционер „Макошпед“ и Стерјо Зиков, досегашен претседател на Надзорниот одбор. Во новиот состав на Одборот на директори од страрите членови на Надзорниот одбор заедно со Драган Наков преминаа и големите поединечни акционери во „Европа“: Есамедин Хасани, застапник за „Европа“ на Косово и кичевецот Селаудин Арифи, сопственик на фирмата „АС Сењак“ која поседува 18 отсто од акциите со право на глас во „Европа“.

Нови членови на Одборот на директори на „Европа“ се две жени кои заедно работеле досега во „Фершпед“. Едната е Марика Караџова, која сега е генерален директор на „Европа“, а другата е Наташа Милева најголем поединечен акционер во „Уготур“. Милева, која е независен член во Одборот на директори, поседува 24,9 отсто од акциите во „Уготур“ и нив ги стекна во период пократок од половина година. Во јавноста Милева стана позната по тоа што купи одредена количина акции во „Уготур“ по цена од 7 денари за акција од „Фершпед брокер“. Тие акции пак претходно „Фершпед брокер“ ги купи по цена од 101 денар од својата фирма мајка „Фершпед“. Во претходна трансакција Наташа Милева купи акции во „Уготур“, а ги продава „Технометал Вардар“. 

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто