И папата Франциско загрижен за економската криза
Објавено во: Свет 18 Мај, 2013
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска беше примена на аудиенција од поглаварот на Римокатоличката црква Франциско.
На средбата во Ватикан, која траела околу 45 минути, Меркел и папата разговарале за прашања поврзани со верата, глобализацијата и улогата на Европа во светот.
По средбата Меркел изјави дека регулирањето на пазарите е главна цел, а функцијата на економијата е да им служи на луѓето.
Папата Франциско ја осуди „тиранијата“ на пазарите и побара финансиски реформи, проследени од поголема помош за сиромашните. Тој истакна дека „парите треба да им користат на луѓето, а не да ги раководат“.
- Разговорот со папата е признание за Германија, нагласи Меркел, додавајќи дека тој може да им се доближи на луѓето со прости и трогателни зборови.
Според германската канцеларка, папата Франциско јасно ставил до знаење дека Европа му е потребна на светот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.