И покрај рекордниот број починати, сепак протестираат оти не сакаат да се вакцинираат
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 03 Октомври, 2021 18:02
Романците протестираат против вакцините и покрај рекордниот број заболени од коронавирус.
Неколку илјади луѓе протестираа во Букурешт на повик на десницата, против задолжителното вакцинирање. Антиваксерите велат дека им се кршат човековите права затоа што без пропусница не можат да одат никаде. Целосно е вакцинирана само третина од 19 милиони Романци, што е најниската стапка во Европската унија веднаш по Бугарија. Вчера имаше повеќе од 12.000 новозаразени, најмногу на дневно ниво од почетокот на епидемијата, а 184 заболени починале.
Романскиот здравствен систем, кој романските граѓани го гледаат како силно корумпиран, неефикасен и со политички именувања, беше под голем притисок и пред пандемијата на коронавирусот. Романија во последните 30 години изградила само една болница и најмалку издвојува за здравството од членките од ЕУ, а десетици илјади доктори и медицински сестри ја напуштија земјата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





