05 Декември, 2025
0.1010

И покрај средбата со Премиерот, штрајкот на лекарите продолжува!

Објавено во: Економија 12 Декември, 2012 13:42

Добивај вести на Viber

Штрајкот на лекарите продолжува и покрај тоа што Премиерот Никола Груевски синоќа се сретна со претставници на синдикати, на која начелно било договорено да се направат отстапки во моделот за плаќање по учинок, но новиот начин на исплата на платите и понатаму останува да важи. „Секако е за поздрав што премиерот конечно го легитимира, го виде и го призна штрајкот. Не е постигнат договор затоа што ова не беше преговарање, туку повеќе запознавање. Главна тема беше моделот, му ги поставивме нашите забелешки и можам да кажам дека премиерот беше отворен да преговара за одредени делови и да се прифатат измени“, изјави  д-р Дејан Ставриќ, претседателот на Самостојниот синдикат на Клинички центар. Сепак , посочуваат штрајкувачите, нема прекин на штрајкот се додека не се дојде до прифатливо решение. Тие повторија дека генерално не се против принципот плаќање по учинок, но бараат моделот да претрпи корекции, а не да се намалува плата која и онака е ниска во спореба со платите на лекарите во регионот. „Никогаш не сме биле против принципот наградување по учинок или успешност,  значи ние сме за тоа, со таа идеја дури и пред да се формира оваа влада, ние отсекогаш сме барале таков тип на наградување според заслуги, меѓутоа бидејќи овој модел го прави токму спротивното, бидејќи е штетен за пациентите ваков каков што е, бидејќи е квантитативен, а не квалитативен модел и не обрнува никакво внимание на квалитетот на здравствената услуга, затоа и бараме сериозни модификации“, повтори Ставриќ. На синоќешната средба покрај Премиерот и претставници на лекарите кои штрајкуваат , присуствуваа и министерот за здравство Никола Тодоров, како и претседателот на гранковиот синдикат за здравство Љубиша Каранфиловски. Тодоров, кој веќе цел месец го игнорира штрајкот во неговиот двор повтори дека нема намера да укине новиот модел за пресметка на платите на лекарите. „На средбата потенциравме дека ќе опстоиме на концептот за оние лекари кои ќе работат повеќе да бидат наградени, а оние кои недоволно посветено пристапуваат на работата да им биде намалена платата“, изјави Тодоров по средбата, но додаде и дека дополнително би можело да се разговара за листата на бодување како и прецизирањето на критериумите. Сега се чека идната средба за продолжување на преговорите. Во меѓувреме, поради расте револтот на пациентите кон лекарите кои штрајкуваат бидејќи дел од нив се враќани назад доколку не се работи за итна состојба, но исто така доцнат и платите на лекарите од Клинички кои вообичаено се исплаќаат најдоцна до 10-ти во месецот. Ј.Ј.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката