И пратеници од СДСМ на распит во ОЈО!
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2017 10:40
Јавното обвинителство со кое раководи Марко Зврлевски води истрага за донациите што легнувале на партиската сметка на СДСМ, а Специјлното јавно обвинителство на Катица Јанева пак го истражува случајот со парите уплатени за ВМРО-ДПМНЕ. Две различни истраги водат овие две институции.Но, откако во јавноста се појави информацијата дека Зврлевски почнал контра истрага за финансирањето на СДСМ, поради истрагата што Јанева ја почна за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи Зврлевски правдајќи се дека во јавното обвинителство истрага за изборни нерегуларности се води од минатата година.
„Основното јавно обвинителство – Скопје во работењето постапува неселективно и неповрзано со преземени дејствија на други органи, ја води постапката без да објави податоци за нејзиниот тек за да не ја повреди тајноста што е обезбедена со закон, реагираше со писмен допис Зврлевски.
При тоа посочува дека постапката е отворена по кривична пријава поднесена од друга надлежна институција, но одбивааат да кажат која институција го сторила тоа.
„Оформен е предмет против едно лице – организатор на изборна кампања и други лица, како и против едно правно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања“, додаваат од јавното обвинителство.
Спорд тврдењата од Јавното обвинителство, делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи. При тоа, досега се сослушани повеќе од 70 лица, а во текот на постапките побарана ии прибрана е материјална документација.
„Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека во моментот кога ќе се стекнат законски услови, јавното обвинителство ќе излезе со поконкретни податоци,посочуваат од Јавното обвинителсво.
Според сознанијата на Фактор, кај Зврлевски веќе се појавиле и високи функционери на СДСМ, дел од нив пратеници во новиот состав, кои давале исказ. Од СДСМ велат дека тие постоајно институциите го контролираат нивнотот работење, и досега не нашле ништто спорно.
„Институциите во државата постојано вршат контрола на работењето и финансирањето на СДСМ. Но, ние ниту нешто сме криеле, ниту криеме. И затоа не е најдено ништо спорно или незаконско во ншето финансирање, велат од партијата.
Сепак во јавноста на ваквата истрага што ја води Зврлевски се гледа како реваншизам на истрагата што ја води Јанева. Специјалното јавно обвинителство, покрена истрага за донациите што легнале на сметка на ВМРО-ДПМНЕ и требаше да сослуша околу 200 сведоци во Охрид.
Дел од сведоците се појавија и дадоа исказ, но најголемиот дел од нив не го сторија тоа, бидејќи локалното раководтсво на ВМРО-ДПМНЕ ги повика да ја бојкотираат институцијата и наместо исказ да излезат на протести.
Па така, во Охрид пред полициската станица каде се одвиваше распитот имаше протести против истрагата на СЈО. Од Специјалното јавно обвинителство посоија дека е нарушена тајноста на постапката бидејќи мнозинството граѓани кои протестирале биле повикани во својство на сведоци.
За непојавување на распит, Кривичниот законик предвидув присилно приведување или парична казна до 1.200 евра, но од СЈО не откриваат како ќе постапат со сведоците кои беа повикани а не се јавија на распитот. За ВМРО-ДПМНЕ , истрагата притисок што СЈО го врши врз нив поналог на СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




