18 Декември, 2025
0.0582

„И РИЧАРД ДОЛ БЕШЕ ИСМЕЈУВАН КОГА ОТКРИ ДЕКА ЦИГАРИТЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ РАК“: Ден Дончев со поддршка за Трамп и истражувањата за аутизмот

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2025 13:32

Добивај вести на Viber

Ден Дончев го поддржува Трамп  во однос на истражувањата за поврзаноста помеѓу вакцини, одредени лекови и аутизмот.
Денеска Светот се разбуди со спектакуларна прес конференија на Доналд Трамп и Роберт Кенеди на тема аутизам. Зошто ова е важен пресврт или така наречен TIPPING POINT?!

“Одредена точка (момент) во време кога општествена група или многубројни општествени групи, драматично и брзо го менуваат своето дотогашно однесување преку прифаќање на пракса која дотогаш била ретка.”

Од денешен аспект, можеби тешко некој ќе поверува дека Ричард Дол, еден од првите доктори кој во далечната 1950-та година изразил сомнеж во престижниот British Medical Journal дека пушењето предизвикува канцер на белите дробови, налетал на огромен скептицизам и исмејување од луѓето од неговата фела, но и пошироката јавност.

Уште потешко е да се верува дека во 70-те години од минатиот век, одредени тобако гиганти користеа маркетинг слогани преку кои ја убедуваа јавноста дека “Повеќе доктори пушаат Камел цигари од било кој друг бренд.”

До 1994 година се уште беше дозволено да се пуши во авиони.

Сето тоа драматично и брзо се промени во 1995 година кога преку ноќ, јасно и гласно се даде на знаење дека пушењето е штетно и предизвикува рак.

TIPPING POINT!

Денеска и двајцата, посебно Претседателот Трамп, јасно и гласно го кажаа тоа што неколкумина храбри доктори со децении го изразуваа како сомнеж, за потоа и они да бидат соочени со скептицизам и исмејување од професијата и широката јавност. Уште поважно, во последните две децении имаше огромен број на сведоштва од родители кои јасно укажуваа на драстичната промена при однесувањето на нивните мали деца по примање на одредени лекови и вакцини. И тие родители, исто така беа соочени со скептицизам и исмејување.

Прецизниот и јасен став на Трамп и Кенеди дека одредени лекови и вакцини ДРАСТИЧНО го зголемуваат ризикот од Аутизам кај одредени мали деца е денешниот TIPPING POINT. Од денес натаму, нема сомнеж дека досегашните однесувања и прифатени пракси околу вакцинирањето на мали деца ќе бидат темелно истражени со цел овој ризик драстично да се намали.

А сето тоа дава огромна надеж на сегашните и идни генерации на родители дека светот конечно ќе се нафати со решавање на оваа вистинска глобална епидемија“, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето