06 Октомври, 2024
0.0246

И тоа е принос: ГТЦ ќе подели по еден денар дивиденда за секоја акција!

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

ГТЦ за 2014 година ќе исплати 2,05 милиони денари бруто дивиденда. Колку и да е скромно тоа е износ повисок за 12 отсто во споредба со износот за дивиденда исплатен лани за добивката остварена во 2013 година Поранешната трговска гордост на нашата метропола – „Градски трговски центар“ ќе подели дивиденда во износ од 2,05 милиони денари ( околу 33.100 евра), ова е одлука на акционерското собрание на таа компанија одржано во четвртокот и се однесува на работењето на компанијата во 2014 година. Тоа значи дека секоја акција на компанијата носи бруто дивиденда од 1,1 денар. Одлуката ја одобри најголемиот поединечен акционер државното претпријатие за стопанисување со деловен простор кое поседува 97,6 отсто од сите акции во компанијата. Државното претпријатие ќе добие најголем дел од парите предвидени за дивиденда. Според официјалната евиденција во ГТЦ има и 128 акционери –домашни физички лица. Тие поседуваат 1,06 отсто од акциите и ќе поделат нешто повеќе од 20.000 денари. По продажбата на најголем дел од деловниот простор во изминативе десетина години оваа компанија, најголем дел на своите деловни операции ги сведе на  одржување и сервисирање на приватните продавници лоцирани во строгиот центар на Скопје, во Градскиот трговски центар. Билансот покажува дека и во 2013 година лани, како и во 2012 година,  оперативните расходи биле повисоки од оперативните приходи заради што компанијата годината ја завршила со оперативна загуба од 20,16 милиони денари. Сепак, како и во 2012 година, благодарејќи на финансиските приходи од 21,34 милиони денари, компанијата успеала годината да ја заврши со добивка од 812.000 денари. Во споредба со 2012 година кога профитот бил 1,93 милиони денари добивката била значајно пониска. ГТЦ и лани подели дивиденда која беше во скромен износ слично како и годинава. Сепак годинава бруто износот е 2,05 милиони денари што е за 215.000 денари односно за 12 отсто повеќе во споредба со дивидендата исплатена во 2014 година, а се однесувала на добивката остварена во 2013 година.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта