15 Декември, 2025
0.0490

И тоа го има! Кои менаџери две години се откажаа од своите примања за да има за плати на вработените?

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2022 07:29

Добивај вести на Viber

Дебарски Бањи – Цапа е пример за емпатија и грижа за вработените во тешки услови кои на ова банско лекувалиште му ги наметна корона кризата. Втора година по ред менаџментот предводен од најголемиот акционер се откажува од своите примања во корист на работењето на друштвото. При тоа успеа во овој период да не отпушти ниту еден вработен, а при тоа лани ги врати платите на сите вработени на стандардно ниво иако во 2020 година заради корона кризата ги намали за 20 отсто

Менаџментот на познатото македонско банско лекувалиште „Дебарски бањи -Цапа“ направи уште еден потег што ретко се гледа на овие простори. Во корона кризата која тешко ја погоди нивната дејност во 2020 година и лани менаџментот се откажа од своите примања кои опфаќаат паушали, награди и бонуси. Тоа било направено со цел да се надминат тешките последици од кризата и средствата да се наменат пред се за плати на вработените.

Оваа компанија во кризата не отпуштила ниту еден вработен, а минатата година успеала да ги врати платите на сите вработени на стандардно ниво кои во претходната 2020 година заради кризата ги намалиле за 20 отсто.

Сите овие детали се објавени во извештајот за годишното работење на компанијата што е достапен на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=60030

Во него е наведен следниот цитат во однос на превземените мерки со кои одборот на директори се откажува од своите примања :

„Како претходната година така и во 2021 година членовите на одборот на директори поради ситуацијата во која се наоѓаше друштвото поради пандемијата Ковид 19 како и поради фактот што ситуацијата уште не е стабилна и подобрена со цел да се задржат сите вработени на работните места иако се работи само со дел од подружниците и дел од вработените самоволно со потпишена изјава ги ставија на мирувања примањата по основ на месечен паушал за неизвршните членови на одборот на директори како и менаџерските договори за извршните директори, заклучно месец март 2020 година Нивните примања за 2021 година се:

Меџит Цапа - председател на одборот на директори пензионер без примања од месец март 2020 година (примања по 70.000,00 награда со одлука од Собрание на акционери оставени на мирување) како неизвршен член на одбор на дирекори

Албиона Риза - извршен директор 70.919,00 нето плата и ( 166.050,00 според менаџерски договор од месец март 2020 нема примања по основ менаџерски договор)

Трим Ќемали - заменик извршен директор 68.681,00 ( 166.050,00 според менаџерски договор од месец март 2020 година нема примања по основ менаџерски договор)

 Шпреза Цапа - неизвршен член на одбор на директори пензионер без примања од месец март 2020 година (примања по 70.000,00 награда со одлука од Собрание на акционери оставени на мирување) како неизвршен член на одбор на дирекори

Бјонда Баланца - Неизвршен член на одбор на директори 30.136,00 нето плата до 30.06.2021 (самоволно раскинување на договорот за работа ) како и без примања од месец март 2020 година (примања по 6.000,00 награда нема примања) како неизвршен член на одбор на дирекори

„Дебарски бањи Цапа“ минатата година ја заврши со добивка од 41.000 евра и остварени околу 55.000 ноќевања. Во споредба со 2020 година кога друштвото било под силен удар на здраствената криза минатата година бројот на ноќевања е зголемен за 80 отсто. Но сепак е далеку послабо од 2019 година кога „Дебарски бањи – Цапа“ во своите сместувачки капацитети реализирале над 88.000 ноќевања.

Р.Ф.

фото Википедија/Петровскиз

Можеби ќе ве интересира

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите