30 Јуни, 2024
0.2344

И ВЧЕРА НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Еве како изгледаше и што остана по него

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

По силното невреме кое вчера попладне го зафати Скопје и околината, поплавен е Драмскиот театар во Скопје. Министерствито за култура и туризам на Фејсбук објави дека министерот Зоран Љутков вечерва изврши увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот.

- Денес бев во Драмски театар на увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот. Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски, како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп. Седумгодишната негрижа за Драмскиот театар не само што стана видлива, туку денеска дождот го онеспособи да биде храм на уметноста. На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите, напиша Љутков на својот ФБ.

Оваа Влада, како што наведува, нема да дозволи да продолжи понижувањето на уметниците и целосно ќе се вложи на создавањето на достоинствени услови за креативна работа на уметниците.

На фотографиите и видеото, што ги објави Љутков, се гледа уништен ентериер, поплавени ѕидови, подови, кофи кои ја собираат водата,... 

Невремето повторно направи хаос во Скопје. Освен театарот, паднаа дрвја, повторно се поплавија улици, поплавени се гаражи и подрумски простории.





Можеби ќе ве интересира

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА КУЌИТЕ: Втор хеликоптер делува кај Сушево и Злеово

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА КУЌИТЕ: Втор хеликоптер делува кај Сушево и Злеово

АВРАМОВСКА-МАДИЌ ЗА ЗАБЕЛЕШКАТА НА ДЕСПОТОВСКИ: Станува збор за многу мал број на гласачи, на ниво на Македонија не се ни околу дваесет

АВРАМОВСКА-МАДИЌ ЗА ЗАБЕЛЕШКАТА НА ДЕСПОТОВСКИ: Станува збор за многу мал број на гласачи, на ниво на Македонија не се ни околу дваесет

ДЕСПОТОВСКИ: СДСМ не смее да дозволи членовите да ги враќа од избирачките места

ДЕСПОТОВСКИ: СДСМ не смее да дозволи членовите да ги враќа од избирачките места

ФИЛИПЧЕ: Целокупниот процес е легитимен, гласањето се одвива мирно

ФИЛИПЧЕ: Целокупниот процес е легитимен, гласањето се одвива мирно

АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Полицијата приведе 9 лица за питачење и 2 за „запуштање и малтретирање на дете“

АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Полицијата приведе 9 лица за питачење и 2 за „запуштање и малтретирање на дете“

ВО ВТОРНИК ПАК НЕВРЕМЕ: При грмотевници не престојувајте на отворено или под осамени дрвја

ВО ВТОРНИК ПАК НЕВРЕМЕ: При грмотевници не престојувајте на отворено или под осамени дрвја

НАЈЧЕВСКА: Каде ДУИ запре таму ВРЕДИ продолжи

НАЈЧЕВСКА: Каде ДУИ запре таму ВРЕДИ продолжи

ВМРО-НП: На три места беше одбележано освојувањето на Македонија од страна на Караѓорѓева Србија

ВМРО-НП: На три места беше одбележано освојувањето на Македонија од страна на Караѓорѓева Србија

ЦУК: 2.024 повици на 112 во последното деноноќие, 10 пожари на отворено

ЦУК: 2.024 повици на 112 во последното деноноќие, 10 пожари на отворено