Добивај вести на Viber
И вечерва аеродромот „Александар Велики“ во Скопје е затворен за полетувања и слетувања на авиони поради густата магла и смогот во скопската котлина.
Аеродромот беше затворен и синоќа, а денеска, кога маглата се подрасчисти, дозволата за лет добиле неколку авиони.
Вообичаено, кога има магла на аеродромот во Скопје , патниците се носат до најблиските аеродроми во Охрид или Софија.
Десетина дена Скопје се гуши во смог и има алармантно ниво на загадување на воздухот. Од вчера, се спушти и магла, а следниве неколку дена не се очекува промена на времето, прогнозираат од метеоролошката служба.