20 Декември, 2025
0.0429

И Владата со предлог мерки за загадувањето – бара граѓаните помалку да излегуваат надвор

Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2013 21:54

Добивај вести на Viber

Владата денеска усвои предлог мерки за справување со загадувањето, ги ослободи од работа до сабота бремените жени и лицата над 60 години од скопско, кичевско, тетовско и битолско. Им препорача и на градежните и останатите работници кои работат на отворено тоа да го прават од 11 до 17 часот, за да се заштитат и да не креваат прашина. Вработените од градинките и училишта ги посоветува до сабота да не изведуваат активности на отворено. Властите побараа поголема активност и од Црвениот крст, центрите за социјална работа и единиците на локалната самоуправа. Според министерот за животна средина и просторно планирање, за загадувањето на воздухот се виновни сообраќајот, домаќинствата и градежништвот, а не големите индустриски капацитети. Адеми препорача да се забрани движење на товарни возила од периодот од 7 до 21 часот, односно во Скопје да се пренасочат кон обиколницата. Во другите градови се препорачува товарните возила да не се движат низ центарот во тој период освен возила коишто пренесуваат леб и лекови. Локалните самоуправи се повикуваат интензивно да ги чистат улиците. Се најавува засилена контрола на компаниите и капацитетите што имаат А и Б еколошки дозволи или кои се во процедура на нивно добивање.Најголемо загадување во овие региони е забележано од 7.30 до 11  часот и од 17 до 21 часот. Невладините здруженија и граганските активисти, револтирани од тоа што се случува денеска делеа маски на минувачите, а на повеќе пунктови оставаа кутии со маски и со натпис „Дишењето во Скопје е штетно за вашето здравје“.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии