Иако има вакцини, Србија урива рекорди со бројот на заразени
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 03 Март, 2021
Србија урива рекорди со бројот на заразени, иако се лидери во процесот на имунизација на населението.
Во изминатите неколку дена, најмногу новозаболени има во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Кралево и Врање. Последните податоци покажуваат дека коронавирусот е потврден кај 4.056 граѓани, а тестирани се 16.175 примероци, додека 16 лица починале. Во моментов има 161 пациент на апарати за дишење. Вкупниот број на починати е 4.491. Стапката на смртност е 0,96 проценти. Србија е на прво место во регионот според бројот на жители кои ја примиле втората доза на вакцината на милион жители.
Членот на српскиот Кризен штаб, епидемиологот Предраг Кон изјави дека моменталната состојба не може да се игнорира и дека состојбата во Белград е катастрофална. „Бројот на болни се зголемува, а самата вакцинација е загрозена. Капацитетот расте, повеќе од 4.000 луѓе се во болници. Имаме две работи за кои е потребна голема активност, едната е вакцинација, а другата е зголемена хоспитализација. Оние луѓе кои ќе се заразат не можат да се вакцинираат, а кога има масовна инфекција, вие ја запирате брзината на вакцинација“, рече Кон. foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.