05 Декември, 2025
0.0394

ИАКО СЕ НАМАЛУВА ДОБИТОКОТ: Во Македонија најбројни се овците!

Објавено во: Агробизнис 12 Април, 2015 10:03

Добивај вести на Viber

Македонија бележи намалување на бројот на овци, свињи, кози, говеда, живина и коњи. Од година во година нивниот број се повеќе се намалува, покажува компаратаивната анализа на податоците на Државниот авод за статистика. Во Македонија има вкупно 20.682 коњи. Нивниот број за шест години, односно во периодот од 2007 година до 2013 година е намален за 10.384 коњи. Зголемување на бројот на коњите е забележан во Североисточниот регион за 1.317, и во Вардарскиот за 361. Во сите останати региони има намалување, а најголемо е во Југоисточниот регион и тоа за 3.324, потоа во Скопскиот бројот на коњите е намален за 2.169,  а  додека во Полошкиот регион за 1.471. Еве како се движела бројката на коњите во регионите во 2007 и 2013 година konji Се намалува и бројот на говедата. Тоа го покажува компаративната анализа на податоците на  Државниот завод за статистика. Па така, во 2013 година, во Македонија имало вкупно 238.333 говеда. А нивниот број за шест години, односно во периодот од 2007 до 2013 година е намален за  15.433. Во дел од регионите има драстично намалување, а во дел пак има зголемување. При тоа, најголемо е намалувањето на бројот на говеда во Југоисточниот регион, и тоа за 45.020 говеда.  Во Југозападниот регион намалувањето е за 3.340 , во Североисточен за 5.477, во Скопски, 2.510 говеда. Згомен број на говеда има во Вардарски регион за 4.117, во Источен регион за 4.060, потоа во Пелагонски за 14.220 , и во Полошки за 18.514  Еве како се движела бројката на говеда  во регионите во 2007 и 2013 година: goveda Статистиката регистрирала намалување и на бројот на кози. Па така, во периодот од 2007 година до 2013 година бројот е намален за 51.424 коза. Односно, во 2013 година во Македонија имало 75.028 кози. При тоа најголемо е намалување во Југозапдниот регион, кадеима намалување за 37.605 кози.  Во Еве како се движела бројката на коњите во регионите во 2007 и 2013 година: Североисточниот регион бројот на кози е намален за 12.150, а во Пелагонискиот за 5.645. Во останатите региони  има незначителен раст на бројот на кози. Еве како се движела бројката на кози  во регионите во 2007 и 2013 година: kozi Се намалува и бројот на живината. Секоја година имало по десетина илјади помалку живина. Односно за шест години бројот на живина е намален за 62.344. За шест години во Вардарскиот регион има намалување на бројот на живината за 120.655, во Југоисточниот регион бројот на живина има намалување за 352.646, додека Југозападен има пад од 54.042, Пелагониски има пад за 59.756, а Североисточен за 32.877. Раст има во Скопскиот регион и тоа за 496.591, потоа во  Источен регион има 4.889, во Полошкиот регион има зголемување на бројот на живина за 56.153. Еве како се движела бројката на живина  во регионите  во периодот од 2007 до 2013 година zivina Во 2013 година, во Македонија имало вкупно 167.492 свињи. А нивниот број  за шест години е намален за 87.654. При тоа најголемо е намалувањето во Југоисточниот регион и тоа за 29.528 свињи, потоа во Пелагонискиот регион за 25.332 свињи, и во Источниот регион за 24.679 свињи. Еве како се движела бројката на свињи во регионите  во периодот од 2007 до 2013 година svinji Македонија бележи пад и на бројот на овците. Во 2013 година имало вкупно 731.828 овци. Во период од шест години нивниот број е намален за 85.708 овци. При тоа намалување на бројот на овци има во Источниот регион за  25.661, во Пелагонискиот за 108.505 овци и во Североисточен бројто на овци е намален за 28.868. Бројот на овци е зголемен во Вардарскиот регион за 9.098, во Југозападниот за 36.091, во Југоисточен за 17.622, во Полошкиот за 5.477, и во  Скопски за 9.038 овци. Еве како се движела бројката на овци во регионите  во периодот од 2007 до 2013 година ovci

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?