Иако се седми во светот по бројот на починати, Црногорците велат дека спремни ќе ја дочекаат сезоната
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 22 Март, 2021
Црна Гора e седма држава во светот по бројот на починати од коронавирус.
Земјата со 186 смртни случаи од коронавирус на 100.000 жители, е на седмото место во светот по бројот на починати од Ковид-19, објави Светската здравствена организација. Првата жртва на коронавирус во Црна Гора е регистрирана на 22 март лани, а оттогаш починале 1.199 лица. Најголем број на починати се регистрирани во февруари годинава – 210. И покрај ваквите податоци, Министерството за економски развој соопшти дека границите на Црна Гора ќе останат отворени, пренесува РТЦГ. Велат дека сезоната ќе ја дочекаат подготвени.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.