ИДЕАЛНИ И ЗА СТАРИ И ЗА МЛАДИ: Најатрактивни земји за живот и работа се овие десет!
Објавено во: Финансии 04 Септември, 2017 10:32
Трговскиот центар за Азија и Австралија, Сингапур е седиште на многу меѓународни компании. Неодамна усвоените нови закони им отежнуваат на компаниите да ангажираат странци, но Сингапур и понатаму останува одлично место за живеење, особено ако работите од дома.
Тајланд се најде на деветото место.
Без разлика дали ќе одлучите да живеете во градовите или во повеќе рурални средини, во Тајланд ќе најдете добар животен стандард, пристап до уникатна природа и разновидна храна.
Еквадор позиција број осум.
Оваа земја е најпосакувано место за пензионери кои можат да уживаат во пролетното време и да живеат добро со ограничен буџет. Здравството е евтино и има многу странци кои успеваат да живеат со околу 1000 долари месечно.
Втората најнаселена земја во светот исто така е рангирана меѓу првите 10 најдобри места за живеење или на седмо место. Индија има највисок рејтинг во областа на забавата и општествениот живот. Извештајот на Волстрит Журнал вели дека повеќето странци во Индија се задоволни со својот живот и покрај нечистотијата и топлината. Здравствената заштита за децата и образованието се лесно достапни, но културната интеграција и градење на пријателства со локалното население може да биде предизвик.
Скапо? Да. Возбудливо? Исто така да!-Тоа е во Хонгконг
Пред да го спакувате багажот и да одлучите да се преселите во Хонг Конг, имајте на ум дека тоа е далеку поскапо од Кина. Бонусот е дека повеќето луѓе во Хонг Конг зборуваат англиски, и ако добиете кинеска виза, можете да одите во Кина и да ги искористите ниските цени на стоките.
Искусни наставници се бараат во повеќето поголеми градови во Кина која се најде на петто место на оваа листа, а многу училишта нудат атрактивни пакети, вклучувајќи изнајмување и транспорт. Според извештајот на Ен-Ен, околу една четвртина од странци во Кина заработуваат околу 300.000 долари или повеќе. Ниските трошоци за живот - евтината храна, евтини производи за домаќинството - се привлечни за Кина. Најголем недостаток е загадувањето на воздухот во индустриските градови, поради што Кина е лош избор за згрижување деца.......
Главната дестинација за љубителите на скијањето и порелаксираниот начин на живот, Швајцарија е многу привлечен избор, особено за оние кои заработуваат добро. Ќе мора да се навикнете на работното време на продавниците кои што се затвораат околу 2 часа за ручек. Но, имате пристап до пристојни училишта и здравствена заштита.Има добри шанси да најдете работа откако ќе пристигнете во Велика Британија, бидејќи многу работодавци се подготвени да ангажираат странци за нивните вештини и одлична работна етика. Трошоците за живеење во Лондон се високи, но тоа е неверојатна почетна точка ако сакате да ја посетите Европа. Цените за летови од Англија се релативно ниски.
БелизеРазбудете се со живописни погледи пред да скокате во работата на денот во оваа мала земја во развој. Пензионерите и туристите доаѓаат на овој достапен остров, каде што е можно да се живее со 1.500 долари месечно. Американскиот долар е прифатен во повеќето компании, а како поранешна британска колонија, во земјата се зборува англиски.
Ако можете да го преживеете долгиот лет таму, како и високите цени и бавниот интернет, Нов Зеланд нуди добар баланс помеѓу кариерата и приватноста, пријателските жители и безбедното семејно опкружување.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави





