22 Јануари, 2025
0.0285

Идеите на Трамп за Груевски се предизвикувачки, а Сорос поддржувал криминална елита во Македонија

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Екс премиерот Никола Груевски во мегаинтервју за неделникот Република  вели дека Новогодишните празници ги поминува во семејна атмосфера, и во Маврово со најблиските.

Главна тема во интервјуто е милијардерот Сорос на кој Груевски кој лидерот на владеачката партија никогаш не го обожувал и за кој вели дека Сорос е во заблуда, има искривени, неточни и погрешно пласирани информации за Македонија.

За годината која измина Груевски вели дека била доста тешка.

„Поминавме тешка, но и интересна година. Да, имавме тежок противник, при што не мислам на СДСМ, тој беше само параван, инструмент, маша… Да не беше зад него Џорџ Сорос со сите милиони што ги истура во Македонија, со целата мрежа од невладини организации, медиуми, политичари, внатре и надвор, што ги плаќа, влијание во најмоќните држави во светот, и тоа одлучувачко влијание кога станува збор за помали земји како нашата, немаше да е толку тешко, а и економијата ќе беше посилна, ќе имавме повеќе нови отворени работни места. Иако и ова што го постигнавме не е за занемарување во една ваква тешка ситуација“, посочува Груевски кој вели дека граѓанскиот сектор никако не смее да остане во рацете на Сорос.

„Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ  е на власт, неговите институции се против ВМРО-ДПМНЕ. И секогаш кога СДСМ е на власт, повторно неговите институции се против ВМРО-ДПМНЕ, како центарска, десничарска и конзервативна политичка партија. Не постои една работа што ја направила ВМРО-ДПМНЕ во овие 25 години, а за која една негова институција, како институтот Отворено општество, НВО финансирана од него, медиум или слично, рекла дека тоа е добро. И обратно, нема ниту еден чекор на СДСМ што го осудиле. Значи, сѐ што е од нас е лошо, сѐ што е од СДСМ е добро или ако не е добро, барем се премолчува. Човекот што 25 години е главен на институтот Отворено општество во Македонија е член на Централниот одбор на СДСМ. Од лани навидум се пензионираше, но, всушност, си постави лице кое е негов послушник, кое никој не го познава, ниту му го знае името, а ја води истата политика на претходникот. А, тие не се ни кријат дека се дел од СДСМ. Имаат говори против нас на политички митинзи организирани од СДСМ. Затоа ние почнавме да ги поистоветуваме и велиме СДСМ/Сорос“, објаснува тој.

„Сорос во Македонија ги направи модерна армија. Да класична армија, НВО Сорос во Македонија ги направи модерна армија. Денес битката не е со пушки и пиштоли како пред 100 години, туку со НВО, корумпирани медиуми и новинари и влијание на моќни странски медиуми и моќни странски влади да нивните политики кон една земја ги насочат во правец на неговите цели. Тоа е реалноста и за жал така дејствува Сорос. И тогаш те прават што сакаат. Те гмечат, те сукаат, како тесто. Ќе те направат и криминалец, и лопов и предавник, и идиот, и неспособен, и монструм, се што ќе наумат. Па оди после ти излези на избори. Ќе ти измислат триста афери, купишта лаги и дезинформации, едно зборуваш, друго се пренесува итн. Може светски медиуми како „Асошиејтед прес“ или „Вашингтон пост“ коректно да ја пренесат информацијата, но не може истото да го направат медиумите финансирани од Сорос фондацијата во Македонија. Но, има лек и за тоа“, вели Груевски.

Во однос на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Груевски вели дека му се допаѓаат конкретните идени и планови на Трамп кои како што вели, биле многу унтересни и предизвикувачки.

Лидерот на ВМРОД-ПМНЕ открива дека деновиве додека е на празничен одмор имал време и да ја прочита книгата „Повторно величествена“ од Доналд Трамп и истата препорачува сите да ја прочитаат поради ентузијазмот, упорноста, енергијата, која ја видел во книгата.

Можеби ќе ве интересира

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

ЛЕКОВИ, ИНСУЛИНСКИ ИГЛИ, КЛУЧЕВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ОБЛЕКА - цариниците со „полни раце работа“, еве што се заплениле

ЛЕКОВИ, ИНСУЛИНСКИ ИГЛИ, КЛУЧЕВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ОБЛЕКА - цариниците со „полни раце работа“, еве што се заплениле

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?

СЕ БОРИМЕ СО БРИСЕЛ, БЕРЛИН, ПАРИЗ, ЛОНДОН...НАШИОТ ГЛАС Е СЀ ПОСИЛЕН: Мицкоски уште еднаш се огласи од САД, се сретна со близок соработник на Трамп

СЕ БОРИМЕ СО БРИСЕЛ, БЕРЛИН, ПАРИЗ, ЛОНДОН...НАШИОТ ГЛАС Е СЀ ПОСИЛЕН: Мицкоски уште еднаш се огласи од САД, се сретна со близок соработник на Трамп

НА ОНКОЛОГИЈА ПОВТОРНО НЕМА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА: Недостигаат лекови за најтешките пациенти со карциноми

НА ОНКОЛОГИЈА ПОВТОРНО НЕМА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА: Недостигаат лекови за најтешките пациенти со карциноми