19 Декември, 2025
0.0377

Идни студенти во ќорсокак: Не може да се запишат на престижни универзитети оти нема резултати од државната матура

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2019 07:08

Добивај вести на Viber

Завршени средношколци, идни студенти кои одлучиле да го продолжат своето образование на некои од странските универзитети, имаат проблем да ги фатат роковите за упис, затоа што уште чекаат на резултатите од државната матура. Тестовите ги завршија со полагање на 13 јуни, а според роковите Државниот испитен центар треба да ги објави резултатите најдоцна за еден месец или на 13 јули. Сепак тој датум е многу подоцна од крајните рокови за упис на многу странски факултети, па револтирани ученици и родители деновиве бараат решение од Државниот испитен центар. Барале резултатот да им се даде порано за да стасаат, зашто инаку ќе изгубат цела година.

„Децата ги полагаа испитите од 1 до 13 јуни, и според информациите резултатите ќе се објават некаде пред крајниот рок за објава. Моето дете се запишува на Универзитет во Германија кој бара диплома преведена на германски и заверена во соодветна институција и во хард копи мора да биде доставена до Универзитетот до 15 јули. Кажете ми како да стасаме да го завршиме тоа. Револтирани сме затоа што се работи за одличен ученик со голем број на освоени награди од државни натпревари, има сертификат за германски јазик во напредно ниво и сега проблем е само еден лист односно дипломата. Зошто не може да се издаде порано, зошто да не им се излезе во пресрет на идните студенти, вели родител на дете кое аплицира на Универзитет во Германија кој котира високо на Шангајската листа.

Иста мака имаат повеќе ученици. На некои дипломата им треба до 6 јули, на други до 10 јули. Некои универзитети бараат електронски да ја добијат на увид, другите во оригинал. Сепак учениците се во неповолна ситуација и бараат решенија. Од Државниот испитен центар им рекле дека во текот на оваа недела ќе се знае како ќе се реши оваа ситуација. За повеќето, оваа неизвесност создава проблеми.

„Ние сами се финансираме, плаќаме и не е во ред, заради рокот на издавање на резултатите и дипломата од државната матура децата да не можат да си го остварат својот сон и да се запишат на саканиот универзитет” велат револтирано родителите.

Од Државниот испитен центар за Фактор неофицијално велат дека се запознаени со оваа ситуација и дека прават се резултатите да излезат порано.

„Има интенција резултатите да ги објавиме до 5 јули. Јасно ни е во каква ситуација се децата и родителите и сакаме да стигнеме до тој датум, а не до крајниот. После учениците кои сакаат да се запишат надвор ќе треба да достават изјава до училиштето каде што учеле дека нема да поднесат приговор и така дипломата може да им се издаде порано, велат од ДИЦ.

Инаку се тврди дека на оценувањето нема ургенции и притисоци.

Државната матура во Македонија се полага околу една деценија.  Имаше најави дека ќе се полага електронски, ама тоа ветување уште не може да се реализира.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните