„ИДНИНАТА Е СТРАШНА“: Европа не смее да биде толку наивна
Објавено во: Економија 15 Септември, 2024
Европската наивност може да доведе до колапс на нејзината индустрија – предупреди новоизбраната претседателка на Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент, Аурора Лалик, во интервју за Еурактив.
– Европската наивност може да доведе до колапс на нејзината индустрија – предупреди новоизбраната претседателка на Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент, Аурора Лалик, во интервју за Еурактив.
Според неа, Европа треба да ги засили напорите за зајакнување на својата индустриска база за да се натпреварува со Кина и Соединетите Американски Држави.
Таа изјави дека Европа ризикува да стане континент на потрошувачи наместо континент на производители. Светот се промени и ние веќе не доживуваме „среќна глобализација“.
САД ја бранат својата економија, Кина исто така, мора да го направиме истото, додаде Лалик. Според неа, на Европа и недостасува сеопфатна стратегија за поддршка на зелените и дигиталните фирми и олеснување на клучните јавни инвестиции.
– Не се работи само за тоа да се биде протекционист. Треба само да престанеме да бидеме толку наивни - смета Лалик.
Нејзините коментари се резултат на зголемената загриженост за состојбата на европската економија, бидејќи продуктивноста на Европската унија заостанува зад конкуренцијата, нивото на инвестиции е ниско, а цените на енергијата се превисоки, пишува Танјуг.
Стапката на раст во Европската унија значително заостанува зад економскиот раст во Кина и Соединетите Американски Држави.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.