Иднината на Македонија во раце на три албански партии
Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2017 10:20
Трите албански партии во земјава - Демократската унија за интеграција (ДУИ), партијата Беса и „Алијанса за Албанците“, се договорија за заеднички став на претстојните преговори за формирање на идната влада во Скопје.
Во заедничката изјава трите партии велат дека нивната заедничка позиција се базира на резултатите од парламентарните избори на 11-ти декември, на духот на Охридскиот договор, напредокот и долгорочната стабилност на Македонија и решеноста на земјата да влезе во НАТО и ЕУ.
Во соопштението се наведуваат конкретните цели кон кои ќе се стремат партиите како дел од идната влада или како дел од секое друга влада во Македонија. Овие цели вклучуваат целосно почитување на Охридскиот договор и Уставот, еднакви јазични права, употребата на албанскиот јазик во сите гранки на власта заедно со македонскиот како официјални за земјата, економска еднаквост преку рамноправен регионален развој и исто учество во преговорите со Грција за спорот за името на државата според европските вредности и меѓународното право.
По прашањето за спорот за името албанските партии претендираат да учествуваат во работната група за директни преговори со Грција.
Да потсетиме дека само пред два дена поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека не може да има двојазичност во Македонија. На последните избори СДСМ оди со понуда кон Албанците, која нема да им го подобри животот, но звучи примамливо на прв поглед, особено кога некој друг вели не, изјави тој за неделникот „Република“.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




