Иџе подготвен за Европа
Објавено во: Мои пари 13 Април, 2023 09:39
Автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе го почнува својот нов предизвик за оваа година. Тој ќе се трка во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC)
Стефановски го започнува својот нов поход за оваа година. Тој ќе вози на Европскиот шампионат на ридски патеки, која оваа година има 10 трки.
Првата трка ќе се вози претстојниов викенд во Франција. Оваа трка традиционално е првата страница на Европскиот шампионат. Пријавени се 190 натпреварувачи од кои Иџе е единствениот Македонец. Бројката на пријавени натпреварувачи, укажува дека конкуренцијата оваа година ќе биде пожестока.
Време е за првата трка оваа година, вели автомобилскиот ас Стефановски. Тој споделува дека ќе вози со возилото од минатата година Хјундаи i30N TCR, кое дополнително се подготвуваше во текот на зимската пауза за овој шампионат.
„Би сакал да се заблагодарам на сите кои во мојот тим го препознаа потенцијалот и не поддржаа за натпреварувањата за оваа сезона. Посебно би сакал да се заблагодарам на сите мои спонзори кои веруваа и во иднина ќе веруваат во нашиот потенцијал “-порачува автомобилскиот ас. Тој и овојпат не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат. Викендов очекувам добра трка, додава Стефановски.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




