Иџет Мемети не дојде на седница по отворената истрага, колегите му порачаа така да продолжи
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2024
Поранешниот правобранител Иџет Мемети, кој во моментов е под мерки за претпазливост под сомнение за примање награда за противзаконито влијание, денеска не се појави како член на седницата на Советот на јавни обвинители.
Меџити непосредно пред почетокот ја информирал претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, дека нема да присуствува на денешната седница.
„Непосредно пред седницата тој ме информираше дека нема да биде присутен и е на мислење да се повлече од позицијата заменик претседател на Советот на јавни обвинители“, рече Димитриеска.
Мемети е второосомничен во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание во која е вклучен и врховниот судија, Наке Георгиев.
Советот на Јавни обвинители денеска дискутираше за постапката против членот Иџет Мемети кој е осомничен за примање награда за противзаконито влијание. Според членовите, Мемети за времетраењето на истрагата не би требало да учествува во работата и одлуките на Советот. Тие образложија дека немаат законски можности за негово разрешување.
Членот Кети Петкова образложи дека Законот за Совет на јавни обвинители не предвидува можност отстранување од работното место додека трае кривичната постапка.
Од тој аспект на нас како Совет ни се врзани рацете да можеме како било да го тргнеме влијанието на членот. Иако немаме законска можност, да постапиме со таа одредба што би била најлогична, не смееме да останеме неми и да не ги кажеме детектираните слабости по постапувањето по овој предмет, рече таа.
Светлана Жупановска посочи дека е оставено на доблеста на Мемети, да одлучи дали ќе учествува во неговата работа, а исто и Антонио Јолевски, се согласи со неговите колешки и му препорача на Мемети да не учествува во работата на Советот.
Георгиев и Мемети како осомничени се дел од истрагата што ја отвори ОЈО ГОКК и се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“. Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Согласно Законот за Совет на јавни обвинители, одлуката за разрешување на член на Советот ја донесува Советот со најмалку шест гласови, при што за разрешувањето мора да гласале најмалку три члена избрани од јавните обвинители и три члена избрани од Собранието.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.