20 Декември, 2025
0.0532

ИГОР ЈУГ РАЗОЧАРАН ОД ВМРО-ДПМНЕ: На 48 години со 4 деца, сум невработен

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2018 15:41

Добивај вести на Viber

Обвинетиот Игор Југ е разочаран од ВМРО-ДПМНЕ, но вели дека никој не го пратил во Собранието лани на 27 април. 

Ова го кажа Југ, во својот исказ денеска пред судот, како обвинет за настаните од 27 април.

Во објаснување на своите СМС пораки кои беа претходно презентирани пред судот како докази на Обвинителството, Југ рече дека стои зад нив и дека тоа се негови пораки, по што го објасни нивниот контекст. Првата порака која ја објасни гласи: Тие што ме пратија во Собрание, тие и ме осудија. Тие што им вршев нивни работи цел живот ме гонат. Ние по домови, по затвори и бегства, а куртони во фотелја. Како што рече тој под “тие” мислел на политичарите кои се појавуваат по телевизии.

„Под нив ги подразбирам сите оние кои се појавуваа по телевизиски емисии, весници обраќања и прес конференции и го повикуваа 60 дена и повеќе народот да излезе на улица и да си ја брани татковината, но не собраа храброст да му се придружат на истиот тој народ. Само пратеникот Антонио Милошоски најде доблест и чест да излезе со народот, а и по 27 секогаш го поддржуваше“– рече Југ.

Вели дека тој е вмровец, а не дпмне-овец.

Југ додаде дека е член на партијата уште во 90-тите години и дека вршел разни работи за партијата, од лепење плакати до обезбедување на конгреси, без никаков надомест. 

„На 48 години со 4 деца, сум се уште невработен, а жена ми работи во пицерија за 230 евра. Ние старите вмровци сме заборавени, маргинализирани, понижени од поединци во партијата“, вели тој. 

Југ рече дека за него нешто најсвето е идеологијата на организацијата. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки