20 Декември, 2025
0.0389

Игор Југ во судница се обрати на мајчин јазик, еве што кажа

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2018 18:26

Добивај вести на Viber

На распитот на обвинетиот Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, за прашање се јави обвинетиот Игор Југ.

„Господине Пепиќ, прво ќе ви се обратам на мајчин јазик. Мунире јаране… само пар минута, биќу кратак“, рече тој. 

Судијката Добрила Кацарска ѝ рече на дактилографката да не ги внесува овие зборови на Југ во записникот. 

На ова Пепиќ му одговори дека негов мајчин јазик е македонскиот.

„Рековте дека во Собранието сте следеле НН лице. Дали НН лицето претставувало опасност по безбедноста на државата? – праша тој.

Пепиќ одговори дека секое лице следено од Агенција за разузнавање нормално е дека се следи поради опасност по безбедноста на државата.

Југ го прашуваше и дали во Собранието имало агенти од странски служби, а македонските безбедносни структури биле свесни за тоа, но по приговор на адвокатот прашањето не доби одговор.

Инаку, за НН лицето кое Пепиќ рече дека го следел на 27 април, друг обвинет, Александар Василевски Нинџа праша дали станува збор за Горан Живаљевиќ од Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија. На ова,  тој одговори дека станува збор за активности на Агенцијата за разузнавање и класифицирана информација и дека не може да открие без дозвола од негов претпоставен.

Со распитот на Пепиќ заврши денешното рочиште кое започна во 10 часот утрово.

Утре треба да се одржи ново рочиште. Судскиот процес е во фаза на сослушување на сведоци на одбраната и изведување докази предложени од одбраната.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки